17 Декември, 2025
0.1686

Започнува проектот “Создаваме заедно”

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2014 09:52

Добивај вести на Viber

“Создаваме заедно” е седуммесечен проект со цел помагање на слепите и слабовидни лица во Македонија. Kај нас постои само една единствена организација за лица со оштетен вид и само едно училиште за овие лица, училиштето Димитар Влахов. Во државата се регистрирани околу 2500 слепи лица, т.е. лица со оштетен вид, а реалната бројка е многу поголема. Со цел да излезе во пресрет на потребите на оваа група луѓе, компанијата Тотал Брендс и Црвениот Крст на Град Скопје го започнаа овој проект, преку кој ќе се набават два брајови печатачи и специјализиран компјутер со посебен софтвер за работа на лица со оштетен вид, сето тоа донација од соковите Гуте Фрухте, новиот бренд на нашиот пазар, произведен по швајцарски рецепт. На тој начин, поголем број на книжевни дела и стручни литератури ќе бидат достапни за лицата со оштетен вид од училиштето Димитар Влахов. “Паралелно, со овој проект ќе се отвори и Клуб во рамки на училиштето со утврдена годишна програма за работа и ќе се зголеми капацитетот на стручни соработници и волонтери за 35 членови на тимот. Навистина сум пресреќна што ова се остварува” – дополни Катерина Јанковска од Црвениот Крст, одговорно лице за проектот. Тотал Брендс и Гуте Фрухте со оваа донација ги повикуваат и останатите компании на поголема општествена и социјална одговорност и се надева дека истата ќе има позитивен оддек и ќе придонесе за нови идеи со кои може да се помогнат граѓаните кои имаат потреба од некаква помош.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив