Добивај вести на Viber
FXLider, специјално на читателите на „Фактор", им подарува 50$ како почетен капитал за тргување со цената на акциите на Yahoo! и на други најголеми корпорации на светската берза.
Добијте 50$ и тргувајте на единствената берза на која можете да заработите и кога цените растат, но и кога цените опаѓаат, на следниот линк.
Добијте 50$ за тргување.
Во последно време се повеќе се зборува за излегувањето на берза на најголемата кинеска компанија за on-line купување – Алибаба, меѓутоа она што повеќето не го знаат е тоа дека дури 24% од оваа компанија е во сопственост на Yahoo! Се очекува појавувањето на берзата (иницијална јавна понуда - IPO) да се случи во текот на оваа или наредната недела.
Како што вели м-р Никола Димков, сениор експерт во FXLider - иако сèуште не е точно познато колку овој кинески гигант навистина вреди, сите се согласуваат дека IPO на Алибаба ќе биде случување на сезоната што во секој случај е добра вест за Yahoo!
Алибаба е основана пред 15 години во Кина со почетна инвестиција од 600 000 долари. Од своите почетоци до сега оваа компанија стана доминантна на пазарот во Кина, кога е интернет купувањето во прашање. Алибаба често се опишува како комбинација од Amazon и Ebay. Според истражувањата речиси четири од пет долари потрошени он лине во Кина, се потрошени преку оваа компанија.
„Алибаба Груп во минатиот квартал оствари раст на продажбата од скоро 66% или 3.1 милијарди долари додека заработката е речиси дуплирана, 1.4 милијарди долари. Тоа позитивно се одрази и на цената на акциите на Yahoo! кои остварија пораст од 5.5% на 36.1 долар по акција на денот на објавувањето на резултатите“, Вели м-р Никола Димков, сениор експерт од FXLider.
Аналитичарите очекуваат дека на иницијалната јавна понуда, вредноста на оваа кинеска компанија ќе биде над 150 милијарди долари.
„Минатиот месец е објавено дека IPO ќе биде во САД и се очекува ова да биде една од најголемите иницијални јавни понуди одржани до сега. Заинтересираноста на пазарот за Алибаба влијаеше на акциите на Yahoo! да пораснат повеќе од 40% во текот на изминатата година“, додава м-р Никола Димков.
И покрај до сега позитивниот развој на случувањата за Yahoo!, откако Алибаба ќе излезе на берзата, Yahoo! би можел да ја изгуби поддршката која оваа компанија ја имаше. Инвеститорите кои до сега ги купуваа акциите на Yahoo! како замена за акциите на Алибаба, би можеле да почнат директно да ги купуваат нивните акции, што значи дека Yahoo! би требало да воведе суштински промени во работењето за да ги задржи инвеститорите.
Marissa Mayer, главен извршен директор на Yahoo! во јануари најави амбициозни планови за 2014 година во вид на нови апликации, аквизиции и подобрување на постоечките производи. Планира исто така да ја зголеми присутноста во медиумите, а неодамна најавија и два нови производи Yahoo News Digest и Yahoo Magazine.