19 Декември, 2025
0.0416

Заради пад на температурите грејната сезона може да започне порано од 15. октомври

Заради навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија „Дистрибуција на топлина Балкан енерџи“ започнува со ладни проби на системот.

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2016 14:23

Добивај вести на Viber

Во насока на навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија во системот Дистрибуција на топлина Балкан енерџи, од 1. октомври започнува со секојдневни ладни проби на системот за топлинска енергија. Целта на ладните проби е да се подготви и провери целосно системот за топлинска енергија за претстојната грејна сезона.

Имајќи  предвид  дека доколку се случи пад на температурите грејната сезона може да започне порано од 15 октомври, проверката на системот преку ладните проби ќе овозможи навремено отстранување на сите евентуални пречки што ќе се појават во текот на овие проверки.

Според последните податоци за временската прогноза, во текот на следната недела се очекува значаен пад на температурата.

За успешна подоготовка на системот и навремена испорака на топлинска енергија, Дистрибуција на топлина Балкан енерџи ги повикува потрошувачите навреме да ги завршат започнатите интервенции во внатрешната инсталација, да обезбедат непречен пристап за екипите на компанијата до топлинските станици и постојано напојување со електрична енергија на топлинските станици, со што ќе се овозможи нивно непречено функционирање.

За информирање или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават на телефонскиот број (02/3076-200), или да ја посетат веб страната: www.poplaki.beg-distribucija.com.mk. Исто така на овие броеви потрошувачите можат да ги добијат сите потребни информации.

Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија.  Иако бројот на објекти чии топлински станици од горенаведените причини не се ставени во работна состојба е намален во споредба со минатата година, поддршката од потрошувачите за ставање во функција на сите објекти дополнително ќе придонесе заквалитетот на снабдувањето со топлинска енергија.


Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство