17 Декември, 2025
0.0686

Засега тројца „трчаат“ за Претседател на РМ кај ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2018 07:26

Добивај вести на Viber

На една година до претседателките избори во Македонија во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ веќе кружат првите имиња на кандидати кои би можеле да бидат номинирани во трката и да добијат подршка од десницата. Иванка Василевска, Татјана Каракамишева и Трајко Славески се „најзвучните“ имиња кои кружат неофицијално од доброинформирани извори, засега само на ниво на гласини во таборот на партијата која има најголем број на пратеници во Собранието на РМ. Сите тројца се професори на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и сите добија партиски функции оваа година.

Василевска е блиска со еден од лидерите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, и член е на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Каракамишева, инаку претседател на комисијата за политички систем во партијата, како гласноговорник жестоко ги брани политиките на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста. Славески беше носител на изборна листа и министер за финансии во првиот владин состав на ВМРО-ДПМНЕ формиран во 2006, но си поднесе оставка најверојатно поради несогласувања со тогашниот лидер  Никола Груевски, а сега се почесто е застапен во дебатите. откако е поставен за потпретседател  на ВМРО-ДПМНЕ по изборот на новиот лидер  Христијан Мицкоски.

Инаку  актуелниот претседател на РМ, Ѓорѓе Иванов, има уште една година од својот втор мандат и повеќе нема право на ре-избор. Уште сега се лицитира и со имиња во СДСМ, но таму гласините „се очекувани“ со имиња како Стево Пендаровски и Радмила Шекеринска. ДУИ пак ќе инсистира  на заеднички кандидат-Албанец.

А.К.  


Можеби ќе ве интересира

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал