17 Декември, 2025
0.0369

Заврши школата на Еуролинк на која 35 деца бесплатно изучуваа уметничко лизгање

Објавено во: Мои пари 19 Март, 2015 12:15

Добивај вести на Viber

Вчера вечер на лизгалиштето во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, се одржа завршната претстава на која учествуваа 35 деца, на возраст од 6 до 16 години, кои во текот на еден месец имаа можност да ги изучуваат основните техники на уметничкото лизгање во рамките на бесплатната школа организирана од „Еуролинк осигурување“.

На сите учесници, кои успешно ја завршија школата, им беа доделени сертификати за учество од страна на професионалниот тренер по уметничко лизгање, Ксенија Јаштшењски - Симиќ и асистентот Владимир Поповски.

lizgalica

„Со овој проект успеавме да пробудиме спомени од минатото, на малку подзаборавените дружења на градското лизгалиште, а воедно и да го актуелизираме уметничкото лизгање и да им овозможиме на најмладите во пријатна и забавна атмосфера да ги совладаат основите на овој грациозен спорт. Поддршката на вакви и слични проекти ќе остане наш фокус и во иднина“, изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување.

Ова е единствен проект од ваков тип преку кој им се овозможи на најмладите во текот на зимскиот период да можат активно да спортуваат и да го поминуваат слободното време на креативен и корисен начин.

Пријавањето за учество во школата беше преку Фејсбук профилот на „Еуролинк осигурување“, а на избраните учесници им беа обезбеди бесплатни термини за уметничко лизгање во траење од еден месец, брендирана опрема и лизгалки.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив