Жбогар со бегалците во Гевгелија - ЕУ ќе ја продолжи поддршката
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2016
Новиот европски дипломат Самуел Жбогар кој ја предводи делегацијата на Европската Унија денес ги посети мигрантите во бегалскиот камп лоциран во Гевгелија, близу границата со Грција со цел да ја види состојбата на терен.
Од кампот каде се сместени околу 150 бегалци, Жбогар порача дека ЕУ досега донирала 14 милиони евра за справување на бегалската криза и дека владата на Република Македонија и натаму ќе добива поддршка за обезбедување на границата, а со тоа и спречување на нелегални преминување кон европска територија.
„Земјите членки на Европската унија навистина многу брзо реагираа на повикот од вашата земја да и помогнат во справувањето со мигрантската криза и затоа би сакал во оваа прилика да им се заблагодарам. Моментно тука се наоѓаат уште 166 странски полициски граничари кои и помагаат на вашата полиција во обезбедување на границата“, изјави Жбогар.
Се очекува мова опрема во возила со 24 часовно надгледување, постојани ротации на над 150 европски и странски полицајци кои ќе им асистираат на колегите од македонската полиција и војска директно ангажирани на границата.