Здравје-Радово неколкупати ќе го зголеми откупот на млеко
Објавено во: Мои пари 30 Април, 2014 13:57
„Правејќи ги проекциите за сиот овој период, не изнеди фактот дека за нашите производи се повеќе има интерес и на странските пазари. Побарувачката е поголема отколку што ние планиравме. Токму затоа неопходен ни е зголемен откуп на домашно, квалитетно кравјо млеко. Ние сме млекара која 100% користи суровина од македонски фармери, токму затоа во соработка со најголемите фарми, но и мали домашни фармери кои произведуваат исклучиво квалитетно млеко, планираме да ги освојуваме извозните пазари. Бидејќи ги имплементиравме сите европски стандарди во нашите млекари, и сме рамо до рамо со било која млекара од Европа, очекуваме набрзо нашите производи да се најдат на пазарите на Европската Унија”, изјави Јован Дабевски, генерален менаџер на Млекара Здравје Радово.Здравје Радово од минатогодишните остварени 120.000 литри дневен откуп, оваа година достигнува бројка од 150.000 литри секојдневен откуп на свежо млеко, а според динамиката порастот во иднина би требало да се движи од 250.000 во 2015, до 300.000 литри дневен откуп во 2016 година.
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




