26 Октомври, 2024
0.0294

„Апелирам двајцата колеги да се вразумат и посериозно да погледнат на нивните потези“: Ѓорѓиевски за одлуките на општина Струмица и Карпош

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски се надева дека градоначалниците на Струмица и Карпош ќе ја преиспитаат одлуката за излегување од ЗЕЛС. Во изјава за медиумите дадена попладнево, Ѓоргиевски рече дека досега до ЗЕЛС нема стигнато официјално барање за излегување од ЗЕЛС. 

Потегот на двајцата градоначалници го оцени како несериозен затоа што, како што рече, едниот ја соопштил одлуката преку социјални медиуми, а другиот преку прес-конференција без претходно како претседател на ЗЕЛС да биде информиран. 

- За да се пристапи кон одредена изјава или одредени обвинувања, особено кон ЗЕЛС, треба претходно да се седне и да се разговара. Апелирам до двајцата колеги да се вразумат и малку посериозно да погледнат на овие нивни потези, затоа што Орце не може самоиницијативно да одлучи како градоначалник на Кисела Вода да ги стави во заложништво сите граѓани повлекувајќи личен потег или потег побуден од различна политичка причина или понуда - изјави Ѓорѓиевски. 

Според Ѓорѓиевски, одлуката за влегување или излегување од ЗЕЛС носи Советот на општината.

- Вратата од ЗЕЛС е отворена за сите, секој проблем се решава, доколку има интерес и доколку не се крие нешто друго во позадина на овој процес. Стојам на располагање како и досега за сите мои колеги, верувам дека разумно ќе постапат и верувам дека можеби ова е моментален начин на кој можеби сакаат и медиумски да добијат поголема достапност за одредени теми и поголема драма да направат, но длабоко сум уверен дека ќе размислат во интерес на граѓаните - рече Ѓорѓиевски.

Додаде дека се обидел да стапи во контакт со градоначалникот на Струмица, но безуспешно, а со градоначалникот на Карпош стапил во контакт. Јакимовски, како што изјави Ѓорѓиевски, му кажал дека има проблеми со одредени министри, а на прашањето дали се обратил до ЗЕЛС за ова, одговорил дека мора некако да реагира затоа што има проблем со централната власт. 

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов денеска преку Фејсбук порача дека се откажуваат од членството во Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а градоначалникот ќе поднесе оставка на функцијата член на Управниот одбор. 

Напуштањето на ЗЕЛС, како што напиша е поради „политички игри“ и во знак на револт заради однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици - водата за пиење, којашто претставува основен елемент на животот, но и заради истиот однос по одбивањето од Владата на единствениот проект од Струмица за реализација со средства од унгарскиот кредит, соопштија денеска од локалната самоуправа откако синоќа ваквата одлука ја најави градоначалникот Костадин Костадинов. 

- Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата е исправна и хемиско физичкиот состав и микробиолошки.
Решивте на грбот на народот да правите политика, скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани - напиша Костадинов.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Трипуновски: Струмица не инвестирала во филтер станицата, затоа нема вода за пиење

Трипуновски: Струмица не инвестирала во филтер станицата, затоа нема вода за пиење

Вработен во Управата за матични книги нападнал странка

Вработен во Управата за матични книги нападнал странка

Се спроведуваат вонредни инспекциски надзори во повеќе универзитети

Се спроведуваат вонредни инспекциски надзори во повеќе универзитети

Директор на подружница на „Национални шуми“ искриумчарил дрва од 13.500 евра

Директор на подружница на „Национални шуми“ искриумчарил дрва од 13.500 евра

Калајџиев: Помилувавме човек за пронајден пиштол и пет куршуми кај него дома

Калајџиев: Помилувавме човек за пронајден пиштол и пет куршуми кај него дома

Мицкоски се откажа од испраќањето на писмото: Се е разговарано со лидерите на ЕУ

Мицкоски се откажа од испраќањето на писмото: Се е разговарано со лидерите на ЕУ

Герасимовски: Парите за проекти од унгарскиот кредит ќе ги земат и „опозициски“ градоначалници, но и претходната влада ги помагаше општините

Герасимовски: Парите за проекти од унгарскиот кредит ќе ги земат и „опозициски“ градоначалници, но и претходната влада ги помагаше општините

Момче избодено со нож во автобус кај „Сити Мол“, уапсен 15-годишник

Момче избодено со нож во автобус кај „Сити Мол“, уапсен 15-годишник

Тетовчанец се фотографирал со рачни гранати, жители го испорачале кај полицијата

Тетовчанец се фотографирал со рачни гранати, жители го испорачале кај полицијата