16 Декември, 2025
0.0408

Згодни и хумани!

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2014 11:46

Добивај вести на Viber

Македонските познати девојки во функција на хуманоста На 22.06. недела во 20 часот, спортскиот центар Форца ќе биде местото каде ќе се одржи хуманитарен мини турнир во одбојка на плажа, на кој ќе учествуваат едни од најубавите наши познати девојки, Марјана Станојковска, Власта Ружиновска, Бона Пауновска, Ана Стојановска и многу други. За регуларноста и фер победа ќе се погрижат водителот на ток шоуто Еден на Еден, Жарко Димитриоски и легендата на спортското новинарство, Атанас Костовски. Турнирот е во организација на Гуте Фрухте, одличниот нов сок на нашиот пазар и Црвениот Крст на град Скопје. Ќе се донираат речиси еден тон сокови за ранливите категории на население, бездомници и социјално загрозени семејства, а со настанот ќе започне и седуммесечниот проект на Црвениот Крст поддржан од Гуте Фрухте, “Создаваме заедно”. Преку истиот, меѓу другото ќе се донира и специјална компјутерска опрема за училиштето за слепи и слабовидни лица “Димитар Влахов”. Ќе има и многу специјални изненадувања за сите вас кои ќе присуствувате на настанот, така што воопшто не размислувајте и дојдете во Форца оваа недела во 20 часот, дружете се со вашите омилени познати личности и секако, бидете хумани! Ние сигурно ќе бидеме таму и во понеделник ќе ве известиме за тоа како поминал настанот.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив