Жена од Стајковци се затрула – ненамерно испила средство за чистење
Објавено во: Македонија 13 Август, 2016
Жена на возраст од 36 години од Стајковци се затрула од хуманитарна помош, откако поради невнимание се напила средство за чистење мислејќи дека е сок.
Помошта дома им ја доставиле волонтери, а ја примил нејзиниот свекор. Жената кога ја испила течноста веднаш почуствувала печење во грлото и болки во желудникот, по што побарала лекарска помош.
На жената веднаш и е дадена терапија и е префрлена на Клиниката за токсикологија.
Од Клиниката за токсикологија велат дека таа не се наоѓа во животна опасност.