Жерновски ветува, бензинска во Буњаковец нема да има
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2015
Откако вчера градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски се сретна со жителите кај пaзарчето Буњаковец во Дебар Mаало им вети дека ќе се заложи на следната средба да предложи ДУО без бензинска пумпа.
„Бензинска пумпа во новиот ДУП Дебар Mаало нема да има, јас ќе ја испочитувам желбата на центарци и покрај грубите дезинформации на дел од медиумите“, истакна Жерновски.
Тој вели дека Центарци имаат две желби. На локално ниво да нема бензинска пумпа, централно ниво да си замине Груевски.
Жерновски потенцираше дека граѓаните се тие кои ќе одлучат дали ќе има бензинска , и дека планот ќе го стават на јавна презентација, не две недели туку цели два месеца, за да можат жителите на Центар да се изјаснат за него.
„Деталниот урбанистички план 'Дебар маало1' во моментов се изработува. Со него ќе се реши проблемот со паркирање околу пазарчето, односно ќе се модернизира пазарот, ќе се изгради подземен паркинг и ќе се пробие улицата зад пазарчето, со излез на булеварот Партизански одреди“, вели градоначалникот.