16 Декември, 2025
0.0542

Жичара: Ново превозно сретство во Њујорк?

Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2014 11:31

Добивај вести на Viber

Жителите на Нујорк најдобро знаат колку е тешко „во шпицот“ да се дојде од точка А до точка Б. Меѓутоа, изгледа еден тамошен претприемач нашол лек за нивните маки.

Ден Леви, претседателот и извршниот директор на CityRealty компанијата, предложил план за изградба на брза гондола која би ги превезувала луѓето од Бруклин до Менхетен.

Леви тврди дека неговиот систем, моментално  наречен „Воздушен пат Ист Ривер“ би можел да превезе и до пет илјади луѓе во еден правец.

Во еден правец, патувањето трае околу четири минути, а во него особено би уживале туристите.

„Прошетате до гондолата, почекате не подолго од 30 секунди да влезете и од Бруклин до Менхетен ќе дојдете за помалку од четири минути“, вели Леви.

Иако ваквата вожња секако би била примамлива во однос на презагушливото њујоршко метро, скептиците веќе укажуваат на маните на Левивиот план.

Иако жичарите се брзи, повеќето патници би користеле метро, тврдат тие, додека другите напоменуваат дека роковите се нереалистични и дека каблите ќе го нарушат изгледот на панора на градот.

Леви, меѓутоа, верува дека неговиот план има повеќе предност отколку мани, особено затоа што е еколошки прифатливо.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив