ЖИТЕЛ ОД РАДОВИШКО ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ: Поведена истрага
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2025
Основното јавно обвинителство - Гевгелија започна истрага
против едно лице осомничено за кривично дело – силување на дете помладо од 15
години, согласно член 188 став 1 од Кривичниот законик.
Според обвинителството, осомничениот, кој е жител на радовишко, на 22 јануари имал полов однос со 12-годишно девојче од село во Валандово, со кое претходно остварил контакт преку социјална мрежа.
Поради ризикот од бегство и можноста за уништување на доказите, обвинителството поднесе барање за притвор, кое беше прифатено од Основниот суд во Гевгелија.
„Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело, судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
фото: МИА