Зоран Коњановски: Купуваме струја и на берзата, репреговарани договорите за увоз на јаглен
Објавено во: Економија 03 Октомври, 2024
Директорот за производство на АД ЕСМ, Зоран Коњановски, денеска на брифингот во РЕК Битола објави дека новото раководство останува да соработува со истите оператори за увоз на јаглен што ги договори минатата власт, но со подобрени услови.
- Фирмите се истите кои го носат увозниот јаглен. Оценивме дека во ваква ситауација со намален домашен ископ дека ќе биде голема штета да се распишува нов повик. Но, сега сулфурот во јагленот што го носат ќе биде помал од еден процент и ќе прави помала штета на блоковите во РЕК Битола. Покрај тоа, со еден од операторите договоривме намалување на цената и 3,5 милиони евра ќе останат за нас, рече Коњановски.
Тој додаде дека од двата рудници за јаглен во Дуводол и Брод Гнеотино во моментов се вадат само околу 7.000 тони дневно.
- Тоа е доволно за само еден од трите блока. Таа количина е доволна за само еден блок дневно и ќе остане само уште нешто малку за вториот блок на дневна основа. Долгорочно ќе има повеќе јаглен, но тоа би било за некоја година. Прво во Суводол треба да се започне со работа на новиот блок што го пронајдовме оаде што има еден милион тони. Таму елсплпатацијата ќе започне до 20 ноември. Во Брод Гнеотоно дури сега го ставивме во функција клучниот багер, нешто што требаше да го направи претходното раководство. Тој ќе ја отстрани земјената покривка за да се дојде до нов јаглен, објасни Коњановски.
Во меѓувреме ЕСМ во недостиг на јаглен купува увозна струја од снабдувачи. Огласите на ЕСМ Продажба покажаа дека на два пати се купуваше електрична енергија за околу 4 милиони евра за две недели.
-Струја ќе продолжиме да купуваме преку ЕСМ Продажба со јавни набавки, но ќе откријам дека купуваме и струја од домашната берза ден однапред. Таму во вечерните часови цената е многу евтина, по 60 евра одмегаватчас. Зошто да го трошиме јагленот кога е тогаш ниска цената на берзата. Зборувам за месец септември, бидејќи од тогаш е дојдено на функција новото раководство, вели секторскиот директор на ЕСМ.
А.К.
Фото: Фактор