06 Октомври, 2024
0.0247

Зошто штрајкуваат пилотите на „Луфтханза“?

Објавено во: Свет 02 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Пилотите на „Луфтханза“ годишно земаат просечна плата од 180 илјади евра и се меѓу најдобро платените професионалци во Германија, а сепак одлучија во периодот пред Велигденските празници да започнат еден од најмасовните штрајкови во историјата на компанијата и да го предизвикаат незадоволството на патниците. Причина за ваквиот чекор е незадоволството од условите за пензионирање. Еден од пилотите, 34-годишниот Маркус Вал, објаснил дека штрајкува затоа што сака да е добро финансиски обезбеден пред да замине во пензија. Според Вал, кој лета веќе 11 години по 80 часа месечно на релациите кон Њујорк и Сингапур, наместо да им дели дивиденди на акционерите, „Луфтханза“ мора да се погрижи за вработените. Преговорите меѓу синдикатот и раководството на компанијата околу условите за пензионирање траат веќе две години, но без успех, а ситуацијата дополнително се усложни кога „Луфтханза“ одлучи еднострано да ги укине таканаречените „преодни пензии“ за пилотите и останатиот екипаж, со кои се овозможуваше тие и предвреме да ја напуштат работата. Штрајкот ја погоди и нискобуџетската авиокомпанија на „Луфтханза“ - „Џерман Вингс“. Германскиот министер за транспорт Александер Добринт ги повика синдикалците и раководството на компанијата брзо да постигнат договор, во интерес на патниците кои се потпираат на услугите на овој авиопревозник. Но, многу поостар е претседателот на германскиот Одбор за надворешна трговија Антон Бернер, кој оценува дека е „неподносливо оние кои имаат врвна плата од околу 200 илјади евра, да бараат и можност за предвремени пензии, а како заложници да ги држат патниците и целата економија“. Вкупно 425 илјади патници ќе бидат погодени од тридневниот штрајк на пилотите, а повеќето од нив немаат разбирање и трпение за барањата на штрајкувачите. „Летот ми е откажан, а не можам да добијам никој ниту во сервисниот центар. Не знам што ќе биде, како да го пребукирам летот, кој ќе ги покрие хотелските трошоци за тоа време“, реагира еден патник. На германските аеродроми во транзит-зоната се пставени „полски“ кревети, но медиумите јавуваат дека особено би можеле да бидат погодени од штрајкот патниците кои немаат шенген-виза, бидејќи тие нема да можат да ги користат услугите на германската железница која во овој период им се стави на услуга на „заглавените“ патници.  

Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ, ИЗБОДЕНИ ЛУЃЕ НА АВТОБУСКА СТАНИЦА: Еден мртов и осум повредени

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ, ИЗБОДЕНИ ЛУЃЕ НА АВТОБУСКА СТАНИЦА: Еден мртов и осум повредени

ИЗРАЕЛ СЕ БРАНИ НА СЕДУМ ФРОНАТ ОД ХЕЗБОЛАХ, ХАМАС, ХУТИТЕ...Нетанјаху имеше видеообраќање

ИЗРАЕЛ СЕ БРАНИ НА СЕДУМ ФРОНАТ ОД ХЕЗБОЛАХ, ХАМАС, ХУТИТЕ...Нетанјаху имеше видеообраќање

КОЈ Е ЕСМАИЛ КААНИ, дали Израелците ликвидираа уште еден ирански моќник?

КОЈ Е ЕСМАИЛ КААНИ, дали Израелците ликвидираа уште еден ирански моќник?

МАСК БЕШЕ ГОСТИН НА ТРАМП ВО БАТЛЕР, МЕСТОТО НА АТЕНТАТОТ: „Ако Трамп не победи, ова ќе бидат последни избори“

МАСК БЕШЕ ГОСТИН НА ТРАМП ВО БАТЛЕР, МЕСТОТО НА АТЕНТАТОТ: „Ако Трамп не победи, ова ќе бидат последни избори“

ЕДЕН ОСТРОВ Е ЦЕЛ НА ИЗРАЕЛ, ДАЛИ СЕ СЛЕДНИ НАФТЕНИТЕ ПОСТРОЈКИ НА ИРАН: Израел веќе разговарал со САД за ова

ЕДЕН ОСТРОВ Е ЦЕЛ НА ИЗРАЕЛ, ДАЛИ СЕ СЛЕДНИ НАФТЕНИТЕ ПОСТРОЈКИ НА ИРАН: Израел веќе разговарал со САД за ова

ИЗРАЕЛ ЕЛИМИНИРАШЕ ДУРИ 15 ЛИДЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: „Но, Израелците никогаш не биле поисплашени“

ИЗРАЕЛ ЕЛИМИНИРАШЕ ДУРИ 15 ЛИДЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: „Но, Израелците никогаш не биле поисплашени“

И СИРИЈА САКА ЧЛЕНСТВО ВО БРИКС: Поднесе писмено барање за членство во моќната економска организација

И СИРИЈА САКА ЧЛЕНСТВО ВО БРИКС: Поднесе писмено барање за членство во моќната економска организација

БАНКОМАТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БЕЗ КЕШ: Банките се немоќни, еве што советуваат

БАНКОМАТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БЕЗ КЕШ: Банките се немоќни, еве што советуваат