16 Мај, 2024
0.1056

Зошто треба да бидеме над просекот. Што кажува кампањата на Скај Сити?

Објавено во: Мои пари 23 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Просечното не е доволно добро – е пораката од последната кампања на Скај Сити. А која е причината за тоа? Едноставно, денешниот модерен живот бара многу повеќе, а и нашите потреби се сè поголеми. Тоа што некогаш се сметаше за луксуз, сега претставува основна потреба. Решението за овој вид на барања лежи во понудата на Џевахир Скај Сити – стан во комплекс со дополнителни содржини, како супермаркет, трговски центар, фитнес центар, спа центар, градинка, со 24 часовно обезбедување, стан со целосно опремена кујна и бања, со бесплатни консултации со професионални архитекти и дизајнери на ентериер и многу повеќе.

Со неколку прости, речиси реторички прашања, на кои не им е потребен одговор, а нè тераат да се замислиме, оваа кампања дава поглед на нешто што е повеќе од очигледно и е факт. Нема причина да даваме отпор на комфорот понуден за многу поволна цена. Животот во Џевахир Скај Сити нуди многу повеќе над просечното. Со просечната цена, идните жители на Џевахир Скај Сити се стекнуваат со многу повеќе содржини, кои најчесто се далеку од нивното живеалиште и чинат повеќе време, напори и пари. А во модерното и брзо време, ова е најголемото богатство што може да се има. Поради тоа, разбирањето на живеењето во затворен комплекс со сите секојдневни потреби во непосредна близина не претставува веќе ексклузивност или луксуз.

Целосниот концепт на живеење во овој станбен комплекс се базира на потребите на современата, модерна индивидуа. Нештата за кои многу веруваат дека е добро да се имаат, доколку се има можност: внатрешни базени, фитнес центар, спа центар, овој комплекс ги прикажува како секојдневни животни потреби и што е поважно – потреба која е достапна за вас во секое време, кога и да посакате. Истовремено, нема потреба да закажувате кога би биле слободни, да правите резервации и да трошите скапоцено време од денот низ дневниот градски метеж. Станбениот комплекс на Џевахир овозможува сè во самиот комплекс. Фитнес сали се достапни, како и внатрешни базени, Турски бањи, сауни, градинка, терени за сквош и пинг понг. На влезот на секоја од зградите, во лобито ќе биде достапна лоби услуга 24 часа во текот на денот. Нивната улога е да го направат живеењето полесно и да помогнат во секојдневните обврски, како хемиско чистење, одржување на станот, транспорт и други потреби кои го прават животот полесен во голема мера. Сето ова оди над просечното организирање на животот и дневните потреби.

Доколку е просечно да се има стан, без никакви други бенефити, без опремена кујна и бања, без градинка во близина, спа центар или пак шопинг центар, тогаш да се размислува над просечното е да се размислува практично и корисно, со цел да се направи животот полесен. Да се посака нешто повеќе и подобро, како што заслужуваме сите. Да се мисли над просечното е да се верува дека комодитетот е возможен и достапен за поволна цена во Џевахир Скај Сити.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!