Бејли: Граѓаните ќе треба да одлучат дали сакаат иднина во НАТО и ЕУ
Објавено во: Македонија 14 Јули, 2018
САД се уверени дека Договорот со Грција ќе продолжи да се исполнува и очекува Македонија како Северна Македонија да стане членка на НАТО.
Ова синоќа го изјави американскиот амбасадор Џес Бејли, во интервју за Канал 5 телевизија.
За исходот од референдумот, Бејли рече ова е моментот кога граѓаните на Македонија ќе треба да одлучат дали сакаат иднина во НАТО и ЕУ.
Истакна дека треба да се формира Државната изборна комисија за да може таа да ги реализира подготовките за претстојниот референдум на кој граѓаните ќе го изразат своето мислење.