27 Ноември, 2024
0.0286

Бујар Османи: Меморијалниот комплекс во Сопот е на семејство, не на УЧК

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска рече дека меморијалниот комплекс во Сопот, каде што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, држеше говор пред спомен одбележја со ознаки на УЧК и мермерна плоча со изгравирана Голема Албанија, му приѓа на семејство.

Османи тврди дека од ДУИ биле само во улога на гости. Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски веќе информираше дека станува збор за дивогхрадба на државна парцела за која било пред неколку години поднесено барање од физичко лице за легализација. Во меѓувреме мермерната спомен плоча со Голема Албанија беше отстранета.

„Музејот кој викендов беше отворен во селото Сопот го одбележува убиството на 60-мина селани во 1944 година. Беше погрешно претставен како музеј на УЧК, истакна денеска министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи.

На новинарски прашања по прес-конференцијата со заменик-помошникот генерален секретар за политички прашања и безбедносна политика на НАТО Хавиер Коломина, тој одговори дека лидерот на партијата Али Ахмети бил како поканет гостин и оти прашањата за сопственоста на имотот треба да се упатат до организаторите.

– Според моите информации, викаа дека е семејно земјиште, семејството тоа го изградило за да ги одбележи соселаните. Ние немаме никаков удел во тоа, само бевме поканети и претседателот Ахмети учествуваше, рече Османи.

Тој одбегна да ги коментира фотографиите од Музејот со елементи на УЧК.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски