Царовска: Не размислуваме за зголемување на старосната граница за пензија

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2017
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска откако ги доби препораките од ММФ за зголемување на старосната граница за пензионирање посочи дека владата воопшто не размислува на таков чекор, туку со други мерки ќе го консолидира Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кој најмногу го троши државниот буџет.
- Во Македонија постојат други чекори што треба да се преземат и за тоа ќе излеземе кога ќе имаме детален план. За да може да се стабилизира Фондот, прво нешто што преземавме е дека го почитуваме законското решение за зголемување на пензиите и усогласување, а не ад хок паушални зголемувања што не се основани - изјави Царовска.
Таа нагласи дека е многу важно дека Владата најодговорно тврди дека ќе се грижи за достоинствена пензија на сегашните пензионери, но и за достоинствена пензија на идните пензионери што е дискусија што заеднички ќе биде отворена.
- Не е единствено решение зголемување на старосната граница. Тоа е последното решение што треба да се преземе, навистина во Македонија има други работи што треба да се надминат во системот. Тоа е можеби идно долгорочно, но не размислуваме за тоа, сега има и други мерки што ќе ги преземеме и ќе бидат јавно објавени, изјави Царовска.
ММФ смета дека Македонија мора да ги намали буџетските расходи и да ги скрати државните субвенции за сметка на повисоки даноци.Можеби ќе ве интересира
ФРАКЦИИ ВО ДУИ НЕ СЕ ДОЗВОЛЕНИ - Ахмети ќе поддржи промена на статутот на следната седница

ОГНЕНИТЕ СТАНУВААТ ФРАКЦИЈА - Се уште не се разрешени од ДУИ

ДОЖДОТ НЕ ГИ СПРЕЧИ НАЈМЛАДИТЕ ДА СЕ МАСКИРААТ - Денот на шегата се одбележува на повеќе локации

ПРОНАЈДЕНИ СЕ АНИСА И МЕЛИСА - Двете тинејџерки се исчезнати од четвртокот

ВЕ МОЛАМ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ЈА НАЈДЕМЕ АНИСА - Тактото на младата тинејџерка која исчезна пред три дена бара помош во потрагата

ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА ВО СКОПСКО ЛИСИЧЕ - Меѓу повредените и малолетници

Во Клиника Жан Митрев успешно опериран 31-от пациент со вградена механичка циркулаторна потпора на срцето

ТИНЕЈЏЕР ОД КУМАНОВО ПРОДАВАЛ МАРИХУАНА - Обвинителство го гони за промет со наркотици

КАКО МОЖЕ ОСУМ ГОДИНИ ДА ИСПЛАЌААТ ТУЃА НЕГА НА ПОЧИНАТО ЛИЦЕ - Граѓаните се соочуваат со „чудни“ проблеми
