ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА СЕ ВИВНУВААТ НАГОРЕ, ДИЗЕЛОТ НАЈМНОГУ - кој не наточил има време до полноќ
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2021
„Во изминатите седум дена цената на нафтата на светските берзи e порасната за 10 отсто, а тоа се должи на заздравувањето на глобалната економија и најавата за нов стимулативен пакет во Америка кој има позитивен ефект врз побарувачката на суровата нафта. Цените на нафтата се во пораст од ноември минатата година, од кога започна вакцинирањето на населението против Ковид-19. Истовремено друг фактор кој влијае на растот на цените е тоа што водечките светски производители ги намалуваат испораките од сурова нафта за 7,2 милиони барели на ден од почетокот на оваа година, според договорот меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија. Во прилог на зголемувањето на цените влијае и одлуката на Саудиска Арабија, најголемиот извозник, еднострано да ги намали испораките од сурова нафта во февруари и март, за дополнителни еден милион барели на ден“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар/литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 денар/литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за1,458 ден/кг и сега ќе изнесува 34,342 ден/кг.
Од 16.2.2021годинаод 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 63,50(денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 65,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 54,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 43,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,342(денари/килограм)
Воизминатиот седумдневен периодреферентните цени на светските берзиво просек бележат зголемување:бензинот за 3,874%,дизелотза5,606%,екстра лесното маслоза5,714 % и мазутот за 6,383%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте понизокза 0,179%.