01 Јануари, 2025
0.2824

Десет осомничени за криумчарење луксузни возила, двајца биле службени лица за регистрација

Објавено во: Македонија 29 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство информира дека е спроведена постапка против 10-мина, меѓу кои и два службени лица за регистрирање на возила, за криумчарење на луксузни возила. Двајцата вработени се од управните служби за регистрација на возилата.

„По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

Лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.

Возилата тука ги регистрирале и еден дел по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници“, објави ОЈО.

Еден од осомничените е државјанин на Република Грција и за него, со оглед на претходно воспоставената соработка меѓу Основното јавно обвинителство Скопје и грчките органи, кривичниот прогон ќе биде отстапен на Република Грција.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја следеше денеска акцијата што беше спроведувана од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција.

„Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба, за што утрово се вршеа претреси на повеќе локации. Продолжуваме со борба против сите облици на криминал, затоа што македонските граѓани заслужуваат да живеат во стабилна и безбедна држава.“, потенцираше министерот Тошковски.


Можеби ќе ве интересира

Од денеска само со нови возачки дозволи и регистарски таблички

Од денеска само со нови возачки дозволи и регистарски таблички

Тинејџер се стекна со траен инвалидитет по пукната петарда на новогодишната ноќ

Тинејџер се стекна со траен инвалидитет по пукната петарда на новогодишната ноќ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За 2025 година политичарите ветија подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За 2025 година политичарите ветија подобар живот за граѓаните

ПО ПОВОД НОВА ГОДИНА: Сиљановска-Давкова помилува 7 лица

ПО ПОВОД НОВА ГОДИНА: Сиљановска-Давкова помилува 7 лица

МЛАДИ ХЕРОИ: Ученици од штипското училиште „Тошо Арсов“ спасија човечки живот

МЛАДИ ХЕРОИ: Ученици од штипското училиште „Тошо Арсов“ спасија човечки живот

ОБЕЗБЕДЕНА НАФТА ЗА ЈСП, ДО КРАЈ НА ДЕНОТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА АВТОБУСИ - продолжен мандатот на директорот

ОБЕЗБЕДЕНА НАФТА ЗА ЈСП, ДО КРАЈ НА ДЕНОТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА АВТОБУСИ - продолжен мандатот на директорот

Мицкоски: На Груби и Ковачевски тежок ќе им биде животот како бегалци

Мицкоски: На Груби и Ковачевски тежок ќе им биде животот како бегалци

ЈСП повторно остана без нафта

ЈСП повторно остана без нафта

Изгоре куќа во Маџир Маало зад Народна банка

Изгоре куќа во Маџир Маало зад Народна банка