Домати летаа по Меркел на митинг
Објавено во: Свет 06 Септември, 2017
Германската канцеларка, Ангела Меркел e погодена со два домати на митинг во рамките на предизборната кампања во Хајделберг, објавија германските медиуми.
Инцидентот се случил вчера, а портпаролот на полицијата, Давид Фаулхабер, за „Асошиетед прес“ изјавил дека се истражува кои се сторителите што се товарат за нанесување телесни повреди и повреди на имотот.
Британските медиуми пишуваат дека од народот се слушале повици – „лицемерко“, „предавничка на народот“. Весникот „Експрес“ пишува дека најверојатно, критиките се упатени за политиката на Меркел што ја застапува кон мигрантите.
Британските медиуми констатираат дека ова е доказ дека Меркел нема да ги собере сите гласови до изборите на 24 септември. Меркел подоцна истиот ден во истото црвено палто ја продолжила кампањата во Штутгарт.