09 Јануари, 2025
0.0926

ЕСМ најде привремена замена за „Марковски Компани“ во РЕК Битола

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ потврди дека е склучен „договор во четири очи“ со градежната фирма „Топлина Подмолје“ за ископ на јаловина и јаглен во рудникот Брод Гнеотино за потребите на РЕК Битола.

„Топлина Подмолје“,според денешната реакција на државните електрани, ќе биде привремена замена за „Марковски Компани“ со кого пред еден месец беше раскинат договорот од 46 милиони евра.

- АД ЕСМ склучи договор со фирмата „Топлина“, за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола. Станува збор за привремено ангажирање на економски оператор до изборот на изведувач на објавениот јавен повик за истиот предмет на набавка, за кој постапката за избор на изведувач е сè уште во тек. 

Изборот е направен со претходно добиена согласност од Бирото за јавни набавки  испратена до АД ЕСМ на 17 декември, 2024 година, преку постапка со преговарање во случај на крајна итност, согласно член 55, став 1 од Законот за јавни набавки. Итноста се должи на потребата од обезбедување на доволни количини на јаглен за континуирано производство на електрична енергија во термоелектраните „Битола“- согласно планот за производство.

За време на постапката, Комисијата за јавни набавки при АД ЕСМ, испратила покани до пет компании кои во последните пет години за истиот предмет на набавка во својство на самостојни понудувачи- редовно учествувале на јавните огласи за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола. Најниска цена за услугите понудила фирмата  „Топлина“. Според преговараните услови, избраниот изведувач ќе ги извршува задачите за околу 15 отсто пониска цена во однос на економскиот оператор со кој на почетокот на минатиот месец - РЕК Битола еднострано ја раскина соработката заради непочитување на одредбите од договорот, објави ЕСМ.                                                 

Според објавата на Бирото за јавни набавки, склучена е рамковна спогодба со вкупна вредност од околу 1,15 милиони евра. Овој договор е ограничен на шест месеци, што е поразлично од вообичаената практика каде договорите се потпишуваат на една до две години. Вредноста на новиот договор е значително помала во споредба со претходниот договор од 46 милиони евра, кој беше потпишан со фирмата „Марковски компани“.

Минатиот месец, РЕК Битола го раскина договорот со „Марковски компани“, објаснувајќи ја одлуката со „неодговорното постапување“ на фирмата која не ги исполнила своите обврски, што ја загрозило енергетската стабилност на државата.


Можеби ќе ве интересира

ВЛАДАТА НА БРАЗИЛ ПОТВРДИ: БРИКС има нова членка

ВЛАДАТА НА БРАЗИЛ ПОТВРДИ: БРИКС има нова членка

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност

Ќе ги огрее ли сонце 3.000 мали домашни акционери во РЖ Економика? Акционер докупи 20 отсто од акциите на оваа железарска компанија!

Ќе ги огрее ли сонце 3.000 мали домашни акционери во РЖ Економика? Акционер докупи 20 отсто од акциите на оваа железарска компанија!

Ангел Анѓушев во „Бизнис клуб“: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производството

Ангел Анѓушев во „Бизнис клуб“: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производството

Српскиот олигарх Мишковиќ добил оштета од 30-тина милиони евра поради неосновано апсење

Српскиот олигарх Мишковиќ добил оштета од 30-тина милиони евра поради неосновано апсење

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА БИДЕМЕ КОМПАНИЈА БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА - интервју со Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА БИДЕМЕ КОМПАНИЈА БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА - интервју со Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group

Тони Стојановски: Во 2025 очекуваме натамошен раст на кредитната и на депозитната активност на НЛБ Банка како кај населението така и кај компаниите

Тони Стојановски: Во 2025 очекуваме натамошен раст на кредитната и на депозитната активност на НЛБ Банка како кај населението така и кај компаниите

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Се повеќе фирми размислуваат да отпуштаат работници

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Се повеќе фирми размислуваат да отпуштаат работници

Бизнисменот Јанакиевски го продаде својот удел од „златната кокошка“ за медицински отпад

Бизнисменот Јанакиевски го продаде својот удел од „златната кокошка“ за медицински отпад