09 Јануари, 2025
0.0254

Тони Стојановски: Во 2025 очекуваме натамошен раст на кредитната и на депозитната активност на НЛБ Банка како кај населението така и кај компаниите

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

„Забрзување на економскиот раст и нормализирање на стапката на инфлација се двете главни карактеристики кои на домашен, макроекономски план, се очекува да ја одбележат 2025 година.

Сепак, предизвикот е голем со оглед на неповолните состојби во европските економии, особено Германија, и оттука негативното влијание врз македонскиот нето-извоз. Затоа клучен фактор за остварување на планираниот економски раст следнава година од над 3,5 % остануваат инвестициите, посебно во јавниот сектор, чија забрзана динамика на реализација треба значајно да придонесе за забрзување на стапката на економски раст на земјава.

Во 2025 година, НЛБ Банка Скопје продолжува со значајно засилено темпо на својот пат кон целосно дигитализирана банка со широка палета на понуда на банкарски и на небанкарски производи. Очекуваме натамошен раст на кредитната и на депозитната активност на банката како кај населението така и кај компаниите со истовремено подигнување на нивото на дигитална понуда на кредитни, на депозитни и на платежни производи и на услуги.

Воедно, како системски значајна банка, НЛБ Банка Скопје останува посветена на своите стратешки заложби со конкретни активности во делот на својот придонес за сигурност, за стабилност и за доверба во македонскиот банкарски сектор, активности кои придонесуваат за одржливост на заедницата и на животната средина, за раст, за развој и за профитабилност, на задоволство на сите свои акционери, на вработените и на општеството во целина“.

Преземено од ekonomijaibiznis.mk

Можеби ќе ве интересира

ВЛАДАТА НА БРАЗИЛ ПОТВРДИ: БРИКС има нова членка

ВЛАДАТА НА БРАЗИЛ ПОТВРДИ: БРИКС има нова членка

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност

Ќе ги огрее ли сонце 3.000 мали домашни акционери во РЖ Економика? Акционер докупи 20 отсто од акциите на оваа железарска компанија!

Ќе ги огрее ли сонце 3.000 мали домашни акционери во РЖ Економика? Акционер докупи 20 отсто од акциите на оваа железарска компанија!

Ангел Анѓушев во „Бизнис клуб“: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производството

Ангел Анѓушев во „Бизнис клуб“: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производството

Српскиот олигарх Мишковиќ добил оштета од 30-тина милиони евра поради неосновано апсење

Српскиот олигарх Мишковиќ добил оштета од 30-тина милиони евра поради неосновано апсење

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА БИДЕМЕ КОМПАНИЈА БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА - интервју со Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА БИДЕМЕ КОМПАНИЈА БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА - интервју со Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Се повеќе фирми размислуваат да отпуштаат работници

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Се повеќе фирми размислуваат да отпуштаат работници

ЕСМ најде привремена замена за „Марковски Компани“ во РЕК Битола

ЕСМ најде привремена замена за „Марковски Компани“ во РЕК Битола

Бизнисменот Јанакиевски го продаде својот удел од „златната кокошка“ за медицински отпад

Бизнисменот Јанакиевски го продаде својот удел од „златната кокошка“ за медицински отпад