ФАКТОР НА ДЕНОТ: Активни се пожарите во Јасен и Јегуновце
Објавено во: Македонија 14 Август, 2025 22:33
АКТИВЕН Е ПОЖАРОТ КАЈ ЈАСЕН
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов, соопшти дека попладнево огнот се заканил на објектите на ЈП Јасен, но со брза, енергична и одлучна акција со повеќе возила кои претходно биле поставени во полукружна одбрана, огнот бил сопрен во близина на самите објекти. Состојбата ја опиша како драматична.
„Прилагодените пинцгауери и хермелини по којзнае кој пат се покажаа одлични, без нив целата оваа борба против огнената стихија ќе имаше друг тек“, рече Ангелов.СРПСКИ И БОЛИВИСКИ МЕДИУМИ ИЗЛЕГОА СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА УБИЕНИТЕ СРБИ И МАКЕДОНЕЦ
Познат е целосниот идентитет на македонскиот државјанин кој заедно со двајца Срби беше убиен во јужноамериканската држава Боливија. Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за 43-годишниот Дејанчо Лазаревски од Струмица, познат под прекарот „Македонец“.
Покрај него, жртви на ликвидацијата се и Миљан Ѓекиќ (38) од Ниш, а третата убиена личност сè уште не е официјално идентификувана. Се претпоставува дека имала фалсификувани документи. Првичните сомневања укажуваат дека тројцата мажи биле вмешани во конфликт со локални нарко-картели, можеби во рамките на пресметка меѓу групи поврзани со таканаречениот „балкански картел“.БИЛЈАНА ИВАНОВСКА ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ВОВЕДЕ НОВ СТАНДАРД НА УРБАНИСТИЧКИОТ ПЛАН ВО ЦЕНТАР
Поранешната прва антикорупционерка,Билјана Ивановска, денеска рече дека ќе воведе нови стандарди во урбанистичкиот план, откако вчера платформата „Независни заедно“ ја претстави како независна кандидатка за градоначалник на општина Центар.
- Досегашните лукративни и коруптивни политики го занемаруваа животот и потребите на граѓаните. Јас ќе ги обединам сите креативни сили во општината. Има одговорни професионалци во нашиот тим кои знаат да го вратат вистинскиот начин на живот.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Последниот попис покажа дека во Македонија бројот на жени е нешто поголем од бројот на мажи.Сопругата на Тони Тоневски, кој лани во октомври стана директор на рудникот „Булмак 2016“, е назначена за нов раководител на Агенцијата за пошти, тело кое го регулира работењето на АД Пошта, како и на другите поштенски оператори во земјата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




