ФАКТОР НА ДЕНОТ: Александар Јовановски е нов директор на „Комунална хигиена“
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2025 22:17
„КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ДОБИ НОВ ДИРЕКТОР
Александар Јовановски е назначен на позицијата директор на Комунална хигиена Скопје. Тој на оваа позиција доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој.
„Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти. Јовановски има високо образование за менаџмент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, и стекнат меѓународен сертификат за Институционални пристапи за заштита на животната средина.Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС Скопје за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје“, информираа од Градот.СЕЛА ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ВЛАДАТА
Лидерот на едно од крилата на Алијансата за Албанците и дел од коалицијата на ДУИ, Национална алијанса за интеграција, Зијадин Села, негира дека ќе биде дел од владата.
„Политичката сцена е толку измешана, рече Изет, и не знае со кого комуницирал... Лагите, пропагандата и невистината се измешани, Изет. Вистината е секогаш чиста и неизмешана, таа е само една и не може да има две или повеќе. И оваа вистина звучи вака, Изет! Ти во комуникација со мене - НЕ. Јас сум дел од владата - НЕ. Јас сум на страната на оние кои сакаат да ги поништат нашите права како народ - НЕ. Уште еднаш, повторувам, ги мерам моите достигнувања во политиката според тоа колку сум придонел за тоа Албанците да бидат порамноправни, а не според привилегиите на власта. Ќе работиме заедно во парламентот со тебе и со ВМРО. Како и секогаш, власта од едната страна, а јас од другата. Не од страна, туку лице в лице“, вели Села.ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ВЕЛИ ДЕКА ВО ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА НЕМА ЧЛЕН ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Париз изјави дека во Договорот со Бугарија нема член за промена на Уставот.
„Сите нè потсетуваат на pacta sunt servanda, дека навистина мора да ги почитуваме двата договора. Дозволете ми да ви кажам нешто. Постои член 7 во Преспанскиот договор кој вели: терминот Македонија за втората страна, безимена страна, значи територија, народ со сопствена историја, култура и јазик. А сега мора да разговараме со Бугарија за нашата историја, култура и јазик. Немам одговор, навистина. Доколку постои Договор за добрососедство и пријателство, ве молам обидете се да го проверите овој Договор за добрососедски односи и пријателство. Нема член за промена на Уставот, но сега мора да го промениме Уставот. И замислете, ова барање е вклучено во Преговарачката рамка и во заклучоците за нас. Значи, навистина, како да кажам, in dubio res“, рече таа.
За младите од земјите во регионот на Западен Балкан, претседателката рече дека тие не се или не персонифицираат бунтовници без причина, туку бунтовници со причина, кои себеси се перципираат како Европејци.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




