ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции има откако Мицкоски спомена дека е можно да воведе данок за немажените и неженетите

Објавено во: Македонија 04 Јули, 2025 22:02
БУРНИ РЕАКЦИИ ПО ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ
Мрежата за заштита од дискриминација oстро реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кој размислува да воведе данок за оние кои не се во брак.
На настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, Мицкоски изјави дека се разгледува можноста за воведување дополнителни даноци за неженети и немажени лица.
„Таквата изјава е длабоко загрижувачка и претставува закана за основните човекови права и принципите на еднаквост и слобода“, реагираат од Мрежата за заштита од дискриминација.ДОМ се јави со реакција за најавеното воведување данок за немажени и неженети лица.
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува сериозна загриженост поради најавата на премиерот Христијан Мицкоски за можноста од воведување данок за немажени и неженети лица. Ваквата најава велат дека претставува недозволив и опасен преседан кој директно ги повредува темелите на уставниот поредок, човековите слободи и начелата на еднаквост.Младиот јутјубер Стефан Лазаров се обрати на социјалните мрежи по тој повод и порача дека иако смета дека семејството е благослов, не се согласува со таквата мерка.
ЗАВРШИЈА ВЕШТАЧЕЊАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
Завршија вештачењата за предметите поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и за Клиниката за Онкологија, објави Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Тој ја повтори својата оценка во однос на буџетот на Јавното обвинителство изенесена во неговото обраќање на вчерашното продолжение на седницата на собрансиката Комисија за финансирање и буџет на која се расправа за ребалансот на Буџетот, дека вештачењата за Онкологија и за случајот за трагедијата во Кочани се мошне голем финансиски товар за обвинителството, бидејќи се работени во друга држава.MВР ИНФОРМИРА ДЕКА СЛИКАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДИЈАСПОРАТА СЕ ЗАКАЖУВА ОНЛАЈН
Министерството за внатрешни работи(МВР) овозможи онлајн закажување термин за сликање за лични документи во државата и за македонската дијаспора, односно сите оние кои не поседуваат македонски телефонски број преку можност да извршат резервација преку електронската пошта, https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request.
Од моментот на воведување на електронското закажување преку Веб страницата на МВР во текот на 2024 имало во просек по 7.000 закажани термини месечно, а во текот на 2025 има над 4.000 термини месечно или во просек речиси по 200 закажани термини на ден преку овој сервис.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Бизнисменот Огњан Циговски продаде 80 отстотен удел во Ресорт Маврово, но за кратко време потоа имал проблеми со наплатата на купопродажниот договор, поради што морало да интервенира извршител.Македонија повеќе нема царини за производите кои доаѓаат од САД - Од 1 јули стапија на сила измените на законот кој го предложи Министерството за финансии, а со кој се укинаа тарифите за американските производи.
Извозот на половина година достигна 12,5 милиони евра, а продажбите на домашниот пазар изнесуваат 3,9 милиони евра. Вкупната продажба за првото полугодие е зголемена за 22 отсто
Најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија ќе биде меѓу првите што ќе добие договор за слободна трговија со САД засега останува само на збор – пет дена пред враќањето на царините кои ги донесе американскиот претседател Доналд Трамп, не се знае дали таков договор ќе се потпише и дали државата ќе добие реципроцитет, откако се укина царината на стоките кои од САД доаѓаат кај нас.
Странците кои сега се во Македонија или неодамна ја посетиле, велат дека цените кај нас се пониски за разлика од оние во другите европски земји каде претходно биле. Објаснуваат дека со нивните плати овде цените им делуваат прифатливи, но сфаќаат дека истите се високи ако се земат предвид македонските плати.
Владата преку јавен повик бара нови членови за управен и надозорен одбор на различни државни компании. Имено, се бара по еден член за управен одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. Истовремено се бара еден член за Надзорниот одбор за контрола на материјално и финансиско работење на Јавното претпријатие за државни патишта.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
Можеби ќе ве интересира
ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ ДЕКА ИМА ЗЛАТНА ВИЗА ЗА ДУБАИ: Еве како ја добил

ДВЕ ИМИЊА И СЕ ПОЗНАТИ НА ЈАВНОСТА, ЗА УШТЕ ДВАЈЦА СЕ РАЗМИСЛУВА: Ралев и Шукова можни кандидати на СДСМ за Скопје

„ОЧЕКУВАМЕ ВАЛКАНА КАМПАЊА“: Апасиев вели за изборите ќе се истурат многу пари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?
ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов
