ФАКТОР НА ДЕНОТ: Извештајот на ЕК забележува дека Македонија нема напредок во клучните области
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2023
МАКЕДОНИЈА НЕМА НАПРЕДОК ВО КЛУЧНИТЕ ОБЛАСТИ СПОРЕД ЕК
Северна Македонија се обврза да започне и приоритетно да ги спроведе уставни измени со цел во Уставот да ги вклучи и граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, со што земјата ќе се потврди како добар пример за мултиетничко општество, се наведува во се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во кој увид имаше МИА.
Откако Европската Комисија во годишниот извештај за Македонија нотираше дека нема напредок во борбата против корупцијата и судството, кај извршната власт молк и бегање од одговорноста.ОСМАНИ ВЕЛИ ДЕКА МЕМОРИЈАЛНИОТ КОМПЛЕКС ВО СОПОТ Е НА СЕМЕЈСТВО
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска рече дека меморијалниот комплекс во Сопот, каде што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, држеше говор пред спомен одбележја со ознаки на УЧК и мермерна плоча со изгравирана Голема Албанија, му приѓа на семејство.
Османи тврди дека од ДУИ биле само во улога на гости. Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски веќе информираше дека станува збор за дивогхрадба на државна парцела за која било пред неколку години поднесено барање од физичко лице за легализација. Во меѓувреме мермерната спомен плоча со Голема Албанија беше отстранета.
„Музејот кој викендов беше отворен во селото Сопот го одбележува убиството на 60-мина селани во 1944 година. Беше погрешно претставен како музеј на УЧК, истакна денеска министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи.ЕК СО ПРЕПОРАКА ЗА ПОЧНУВАЊЕ ПРЕГОВОРИ СО УКРАИНА И МОЛДАВИЈА
Во Киев се задоволни од одлуката на ЕУ за нивните преговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави препораката на Европската комисија за почеток на разговори со Киев за пристапување во ЕУ, опишувајќи го потегот како „вистински чекор во историјата“.
„Украинците го заслужуваат тоа и поради нашата одбрана на европските вредности и поради фактот што дури и во време на целосна војна продолжуваме да ги развиваме нашите државни институции“, нагласи Зеленски.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ова е историски ден, бидејќи десет години по настаните на Мајдан, Комисијата предлага да се отворат пристапните преговори со Украина и Молдавија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.