18 Декември, 2025
0.0463

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кошта вели дека е разумно Македонија да добие гаранции дека нема да има нови барања

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2025 22:01

Добивај вести на Viber

КОШТА ВЕЛИ ДЕКА Е РАЗУМНО МАКЕДОНИЈА ДА ДОБИЕ ГАРАНЦИИ

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по средбата со бугарскиот премиер Росен Жељазков во Софија изјави дека е разумно Македонија да добие гаранции дека нема да има нови барања на европскиот пат. 

„Северна Македонија долго време работи на овој процес. Го разбирам нивното негодување. Тие го сменија Уставот, го сменија знамето, го сменија и името на земјата и секако очекуваат да се конкретизира пристапувањето. Но, она што е одобрено е одобрено, она што е договорено е договорено и тие мора да го спроведат“, додаде Кошта. 

ЗНАМ ГИ ОБЈАВИ КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија,  Максим Димитриевски и официјално е кандидат за градоначалник за Куманово, а за Центар партијата го предложи Мирослав Лабудовиќ, заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини.

„Движењето ЗНАМ - За наша Македонија започнува ново поглавје во своето политички делување. Нашите претставници во локалната самоуправа покажаа како вистински се управува со општините“, изјави портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов. 

И ЛЕВИЦА ОБЈАВИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Левица денес ги објави кандидатите за градоначалници на скопските општини на локалните избори,откако претходно веќе соопшти дека пратеникот Амар Мециновиќ ќе се грка за татко на Град Скопје.

Кандидат за Градоначалник на Општина Кисела Вода е проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Шумарскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, актуелен раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија.

Кандидат за Градоначалник на Општина Ѓорче Петров е адвокат Александар Димитријевиќ, сопственик на позната адвокатска канцеларија и координатор на Трудов сектор на Политичка Партија Левица.

ВАСЕВ НЕ ЧУВСТВУВА ВИНА ЗА СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти денеска пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека не се чувствува за виновен.

- Не, апсолутно не - одговори Васев, на прашање од Судот дали се чувствува виновен за кривичните дела кои му се ставаат на товар.

Во судница присутни се и останатите тројца обвинети Мери Пешевска, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје.

ПОДНЕСЕНО Е ОБВИНЕНИЕ ЗА АЛЕКСАНДАР НАЦЕВ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

Обвинителството информира дека е поднесено обвинение против безбедњакот Александар Нацев како реален сопственик на „Рубикон Секјурити“ која го обезбедувала диското „Пулс“ во кое при пожар загинаа 62 главно млади лица.

Професорот во јуни беше уапсен како дел од истрагата за пожарот во кочанакста дискотека Пулс. Тој беше осомничен за тешки дела против општата сигурност бидејќи истрагата утврдила дека е вистински и реален сопственик на агенцијата за обезбедување Рубикон која беше на вратите и го обезбедуваше објектот за време на пожарот на 16-ти март.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Депресијата кај нас многу често се перцепира како „психолошки/ментален проблем“, но ретко се согледува нејзината вистинска медицинска и економска тежина. Од фармакоекономски аспект, депресијата е една од најскапите хронични состојби – не само за здравствениот систем, туку и за целото општество. Прашањето кое мора да го поставиме е: Колку нè чини депресијата кога не ја третираме соодветно?

Новата независна ревизија за работењето на агенцијата за конфискување објави дека хартиите од вредност запленети од поранешниот шеф на тајната полиција во сметководството се уште се прикажуваат по нивната почетна номинална вредност, без да има нивно ново вреднување.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери