ФАКТОР НА ДЕНОТ: Плочата со картата на Голема Албанија ја снема во Сопот, остана само каменот
Објавено во: Македонија
07 Ноември, 2023
Добивај вести на Viber
ЈА СНЕМА КАРТАТА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА ОД СОПОТ
Таблата со „Голема Албанија“ ја нема во Сопот, јавува Сител.
Мермерната плоча со знамето на Голема Албанија со дел од Македонија во него денеска е отстранет од музејот кој што беше отворен овој викенд во селото Сопот, кумановско. По бурата реакции во јавноста дека преку овој потег може да се предизвикаат меѓуетнички тензии денеска во музејот стои само каменот на кој беше поставена картата на Голема Албанија, но не и самиот експонат. Музејот денеска е затворен и не може да се влезе во него.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски најави пријава за дивоградбата за која кажа дека е изградена на државно земјиште.
РЕАКЦИИ ЗА МУЗЕЈОТ НА УЧК
Пречесто се споменува „Голема Албанија“ за да биде случајно, но Западот молчи, вели претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во Собранието, Иван Стоилковиќ.
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов ја коментира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски за музејот на УЧК кој ДУИ деновиве го отвори во кумановското село Сопот.
Премиерот Димитар Ковачевски, денеска коментирајќи го меморијалниот центар што го изгради ДУИ во кумановски Сопот, рече дека градбата е на приватен имот.
ПОСКАПЕ РУСКИОТ ГАС ВО МАКЕДОНИЈА
Министерот за економија Кршеник Бектеши објави дека рускиот гас од денеска е поскап во Македонија поради одлуката на Бугарија да воведе екстра оданочување од 10 евра по мегаватчас за енергенсот што транзитира низ оваа земја.
Македонија речиси целосно се снабдува со руски гас бидејќи има само еден изграден гасовод кој е поврзан со Бугарија и тој во моментов е со ограничен капацитет.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
ЕСМ за четири дена во текот на октомври купил електрична енергија од приватни снабдувачи за околу 1,66 милиони евра, покажуваат резултатите од јавните повици за минатиот месец.
Тетово 4,1 милиони евра, Желино 353 илјади и Виница 41 илјади евра. Толку пари добија од државата три македонски општини - за полесно да ги подмират своите долгови кон доверителите, кои ги таложеле долг период наназад и никако не успеале да ги исплатат.
Добивката на „Макстил“ на крај на септември е 914.000 евра и во споредба со крајот на јуни е намалена за повеќе од 2 милиони евра.
Многу работници во земјава работат во смени, а посебно тешко им паѓа на оние кои имаат и трета смена, така што ноќе работат, а преку ден спијат. Оваа промена на животниот стил носи и здравствени ризици.
Центарот за кариера на Универзитеот „Кирил и Методиј“ почна да ја изработува стратегијата за работа со цел студентите полесно да го изградат сопствениот кариерен развој.
За премиерот Димитар Ковачевски, враќањето на Никола Груевски во земјава е депласирана тема. Тој вели дека ако тие шпекулации биле точни, експремиерот веќе ќе бил дојден во државава.
фото принтскрин
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство
НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство
ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа
ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа
НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“
НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“
„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката
„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката
„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември
„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси
ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари
ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари
СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции
СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции
БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски
БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски