19 Декември, 2025
0.0641

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна изградбата на најголемиот ветерен парк во регионот

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2025 22:23

Добивај вести на Viber

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ВЕТЕРНИОТ ПАРК КАЈ ШТИП

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алказар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават електрична енергија, или за потребните на 100 илјади домаќинства. 

Новиот ветерен парк најавен како најголем во Западен Балкан, е значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.

АРСОВСКА И ВМРО-ДПМНЕ СЕ СКАРАА ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ

Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваат за тоа кој е виновен за проблемот со водата во Скопје. Владејачката партија обвини дека додека градоначалничката Данела Арсовска мислела дека се занимава со висока политика и слугувала на ДУИ и СДСМ, половина Скопје нема вода.

„Додека Арсовска не може да стане од скутот на ДУИ и СДС, ЈП Водовод праќа соопштенија дека граѓаните треба да пијат помалку вода, затоа што е лето и најверојатно сите пијат повеќе. Жално е до кое дереџе го донесе Данела Арсовска градот. Веруваме дека на Арсовска и е удобно прегратките на ДУИ и СДС, каде треба да одработува секакви работи, само не тоа што и е работа, но доколку 4 години се позанимаваше со водоводната мрежа, и со обновување на истата не само што ќе немаше проблем со притисокот, туку и големи загуби кои ги има сега, немаше да ги има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВО БИТОЛА Е УАПСЕНА ДОКТОРКА ПОРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја уапсија И.Д.(67) од Битола, вработена во Клиничка болница Битола  заради сомнение за сторено кривично дело „Примање поткуп“.

Во изјава за МИА, портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова истакна дека се преземаат мерки за расветлување на  пријавениот настан  и поднесување на кривична пријава.

Претходно Министерството за здравство ја осуди постапката и итно ја суспендира осомничената лекарка додека трае истрагата, а менаџментот на ЈЗУ Клиничка болница-Битола искажа загриженост и побара истражните органи транспарентно и законито да постапуваат во овој случај.

ГРУЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА СТАНОВИТЕ КОИ СЕ ПРОДАДОА НЕ СЕ НЕГОВИ

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски на Фејсбук пишува дека во Македонија постојат двојни аршини за судството. 

„Кога некому не му одговара одлуката, тоа е корумпирано и партизирано судство со 2 отсто доверба. Кога одлуката одговара на нечии интереси, тогаш одеднаш станува швајцарски модел на правда“, пишува Груевски од Будимпешта.

Тој се јави со реакција поради продажбата на станови што беа запленети во случајот „Плацеви на Водно“. Груевски тврди дека никогаш не бил сопственик на становите што ги продава државата и дека нема никакви докази ниту сведоштва што го поврзуваат со нив.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Трамп му даде на Путин ултиматум од 50 дена да ја запре војната во Украина и најави нови огромни царински увозни тарифи за сите кои тргуваат со Путин односно купуваат руски стоки. 

Заедничките делови од зградите како што се противпожарните скали и коридори, ќе може да се користат исклучиво за намената за која што се направени, поточно за заштитата од пожари и евакуација, а не како лични остави на дел од станарите.

Седумдесет и три фирми ќе поделат 6.295.720 евра за сечење дрва, превоз на дрвени сортименти и правење шумски патишта. Јавното претпријатие Национални шуми потпиша вкупно 96 договори за јавна набавка со овие фирмри, бидејќи како и во минатото, немаат доволно сечачи на дрва и камиони за транспорт.

Во Македонија многу oд постарите луѓе се сами, а нивните деца се иселени во странство поради што се јавува страв за иднината. Тие еднаш или двапати во годината се гледаат со децата. 

Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти