ФАКТОР НА ДЕНОТ: Помина извештајот на Вајц за Македонија, но тој рече дека не знае дали земјава сака да биде дел од ЕУ
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2025 22:29
ПОМИНА ИЗВЕШТАЈОТ НА ВАЈЦ ЗА МАКЕДОНИЈА
Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените од Преговарачката рамка. Јас сум пријател на Бугарија, изјавил во интервју за БГНЕС известувачот на ЕП за Северна Македонија, Томас Вајц. Денес Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) гласаше „за“ неговиот извештај.
На прашањето дали мисли дека сегашната влада на Северна Македонија навистина сака да ги спроведе измените што се бараат со Преговарачката рамка за да стане членка на ЕУ Вајц одговори:
„Не знам. Она што знам е дека огромното мнозинство во ЕП сака да ја поддржи Северна Македонија и целиот регион за подобар економски, политички и социјален развој. И јас се обидувам да го поддржам процесот на пристапување на сите шест земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија.“МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕВРОПСКАТА ЈАВНОСТ ВИДЕЛА ДЕКА МАКЕДОНИЈА СЕ БОРИ ЗА ИДЕНТИТЕТСКИ ПРАШАЊА
Според премиерот Христијан Мицкоски, европската и македонската јавност видоа дека со Бугарија не е проблемот во тоа да се стават неколку стотини Бугари во Уставот, туку дека се работи за идентитетски прашања.
„Ова прашање сега ќе се покрене пред НАТО на Самитот во Хаг и на сите следни сесии во НАТО, дали некоја членка на Алијансата попречува друга земја членка во евроинтеграцијата и со тоа ја загрозува регионалната безбедност“, изјави Мицкоски.
Тој зборуваше за усвоениот извештај на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент, на европратеникот Томас Вајц во кој се потврдуваат македонскиот јазик и македонскиот идентитет, а за кој бугарските европратеници правеа опструкции со амандмани.ЗА СДСМ ОВА Е ШЛАКАНИЦА ЗА ВМРО-ДПМНЕ
Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, на социјалните мрежи напиша дека ВМРО-ДПМНЕ добиле шамар од сестринската партија CDU, затоа што амандманот за модерен македонски јазик бил одбиен.
„Историски шамар за ВМРО ДПМНЕ во Брисел од сестринската партија CDU!
24.06.2025 | Европски парламент
Амандманот за „модерен македонски јазик“ — ОДБИЕН!
БУГАРИТЕ РЕАГИРААТ ЗА ИЗВЕШТАЈОТ
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека македонскиот премиер Христијан Мицкоски го губи времето на своите граѓани во безмислена битка со Бугарија.
„Четири политички групи се согласија дека текстот треба да се разјасни на местата каде што се зборува за македонскиот идентитет и јазик, да се додаде зборот „модерен“, дека станува збор за сегашниот, нов идентитет и јазик. Гласањето (за таа промена) не можеше да се одржи бидејќи беше блокирано од шест лица од група таканаречени патриоти, кои се спротивставија на тоа под доминација на групата на Виктор Орбан, што го спречи ова усвојување. Но, веднаш потоа, координаторот на ЕПП објави дека амандманите ќе бидат предложени во пленарната сала во јули. И текстот ќе стане недвосмислен. Текстот и сега е таков, но има толкувања дека ЕП само што не го признал „вековниот идентитет и јазик“, што ги прави премиерот на РСМ“, изјави Ковачев за радио Бугарија.КРАЈ НА 12 ДНЕВНАТА ВОЈНА МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН
Иран прогласи „крај на 12-дневната војна“ со Израел.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вечерва во обраќање до нацијата прогласи „крај на 12-дневната војна“ што ја почна Израел, јавуваат агенциите.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Трамп попушти под притисокот на Израел и военото лоби во Америка и практично започна војна со Иран, иако пред изборите цврсто ветуваше дека ќе биде претседател кој ќе ги заврши војните наместо да започнува нови.
Дуќани во Битола, Кавадарци, Куманово, деловен простор во Охрид и Скопје, магацини во Логоварди и објект во охридското село Рамне... За секого по нешто од понудата на велешката маслодајна
Граѓаните велат дека со исклучок на Скопје, во помалите места ретко среќаваат улични уметници, но додаваат и дека немаме некоја навика да ги наградиме парично за уметноста која ја нудат.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




