ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија 24 години од потпишувањето на Рамковниот договор
Објавено во: Македонија 13 Август, 2025 22:20
ПРЕД 24 ГОДИНИ Е ПОТПИШАН РАМКОВНИОТ ДОГОВОР
Охридскиот договор не е само политички документ. Тој е визионерски акт, историски договор меѓу заедниците кои живеат во оваа земја, посветеност за изградба на држава во која секој се чувствува еднаков, претставен и почитуван, порача синоќа првиот вицепремиер во Владата Изет Меџити на одбележувањето 24 години од Рамковниот договор.
Овој договор, рече тој, стави крај на вооружениот конфликт и ги постави темелите за нов соживот врз принципите на демократија, инклузивност и меѓусебно почитување.Пред 24 години, Албанците и Македонците си подадоа рака за да изградат нова, рамноправна и интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ, преку Охридскиот мировен договор, гарантиран од Соединетите Американски Држави и Европската Унија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во говорот по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Рамковниот договор после 24 години донесе мир, стабилност и обезбеди зачувана унитарност на Македонија, рече премиерот Христијан Мицкоски на Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
ЖИТЕЛ НА БЛАЦЕ СО КАМЕЊА ГАЃАЛ ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕР КОЈ ПОЛНЕЛ ВОДА ЗА ДА ГАСНЕ ПОЖАРИ
МВР извести дека жител на Блаце вчера бил пронајден и уапсен откако минатиот месец ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата.
„На 12.08.2025 во 18:55 часот полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по чл.303 од КЗ (загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај).ПОЖАРОТ ВО ЈАСЕН УШТЕ БЕСНЕЕ
Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов.
„Пожарот во ловиштето Јасен на едно место ни избегна од контрола иако цело утро истуравме тони и тони вода“, рече Ангелов.СРПСКИ МЕДИУМ ОБЈАВИ ДЕКА ДВАЈЦА СРБИ И МАКЕДОНЕЦ СЕ УБИЕНИ ВО БОЛИВИЈА
Шокантно тројно убиство ја потресе јавноста во регионот, откако во Боливија беа пронајдени телата на еден македонски и двајца српски државјани, спакувани во црни пластични ќеси. Според неофицијалните информации што ги пренесува белградска „Политика“, сите тројца биле брутално мачени пред да бидат ликвидирани.
Телата се испратени на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта, а официјална идентификација сè уште нема. Сепак, медиумите јавуваат дека убиениот Македонец е Дејанчо Л., додека еден од Србите е Миљан Ќ., познат под прекарот Итри, од Ниш – наводен предводник на меѓународна организирана криминална група која транспортирала големи количини кокаин од Јужна Америка во Западна Европа.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Јавното претпријатие „Македонија пат“ за одржување на проодноста, сигнализацијата и рамнење на површината на автопатите и магистралните патишта во текот на минатата година има платено 2,6 милиони евра за казнени камати.Земјиштето на кое е направен паркингот зад зградите во Расадник, како и дел од улицата Христо Татарчев – кракот кој минува околу зградите се сопственост на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




