ФАКТОР НА ДЕНОТ: Татјана Димитровска од ДКСК си поднесе оставка
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2025 22:09
ДИМИТРОВСКА ОД ДКСК СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА
Претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска, поднесе оставка утрово во Собранието.
„Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), г-ѓа Татјана Димитровска, денес до Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, поднесе оставка од нејзината функција. Истовремено, ве информираме дека Собранието ке постапи согласно предвидените процедури и за истите благовремено ке бидете информирани“, потврди Собранието.
Оставката следува една недела откако Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривично дела на Димитровска.ГРЕТА ТУНБЕРГ Е ВО СКОПЈЕ, ЌЕ ОДИ НА БЛОКАДАТА НА РЕКАТА ДОШНИЦА
Познатата шведска активистка Грета Тунберг пристигна во Македонија, при што го посети Социјално-културниот центар во Тетово и најави дека ќе се приклучи на блокадата против изградбата на мала хидроцентрала на реката Дошница на Кожуф.
„Јас сум во Скопје, каде што македонскиот парламент вчера одби да изгласа испраќање хуманитарна помош во Газа. Мора да покажеме солидарност и да возвратиме. Ќе се приклучам на дискусија во социјалниот центар ‘Дуња’ и на блокадата на реката Дошница“, кажа Тунберг во видео објавено на Фејсбук.ГАШИ Е НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ
Претседателот на Собранието Африм Гаши по дводневен престој на Клиниката за дигестивна хирургија денеска е пуштен на домашно лекување.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека тој ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки.
- Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја информираме јавноста дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот е добра и стабилна.ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕЛА ДОКУМЕНТАЦИЈА ОД ОПШТИНА ЧАИР ЗА ДИВОГРАДБИТЕ
Полицијата одзела документација од Општина Чаир во рамки на истрагата за дивоградбите по наредба од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, потврдуваат од МВР за Фактор. Документи се одземени и од Министерството за транспорт и врски.
„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува врз основа на издадени Наредби од ОЈО за ГОКК како и издадени Наредби од Судија на претходна постапка. Во текот на 23.07.2025. врз основа на Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР одземаа документација од општина Чаир и од Министерството за транспорт и врски“, велат од МВР.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во секој бизнис постои јасна разлика помеѓу цената и вредноста која се добива за истата. Истото важи и во здравството, каде што оваа дистинкција може буквално да значи живот или смрт. Кога здравствените системи – особено оние со ограничени ресурси како македонскиот – се соочуваат со одлуки кои лекови и терапии да ги вклучат на листата на ФЗОМ (читај финансираат), прашањето секогаш гласи: „Дали се фокусираме на цената на терапијата, или на нејзината вистинска вредност?“По три години финансиска стагнација, „Сол Груп 5“, фирмата во која еден од основачите е Елена Ковачевска, сопруга на актуелниот пратеник и поранешен премиер Димитар Ковачевски почна да има обрт – Лани забележале приходи од 838 илјади денари, а расходи од 492 илјади, со што, останала и добивка од 345.000 денари.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




