ФАКТОР НА ДЕНОТ: Властите уверуваат дека состојбата во Трубарево е под целосна контрола
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2025 22:25
ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА СОСТОЈБАТА ВО ТРУБАРЕВО Е ЦЕЛОСНО ПОД КОНТРОЛА
Надлежните институции информираа дека екипи биле на терен од првиот момент, презеле соодветни мерки и редовно ја известувале јавноста. Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи. Очекувањата се официјалните лабораториски резултати да бидат достапни до петок.
ДВОЈНО УБИСТВО И САМОУБИСТВО СЕ СЛУЧИ ВО ВЕЛЕС
Полицијата потврди дека маж денеска во Велес ги убил поранешната партнерка и нејзиниот татко, па се самоубил.
Според полицијата, во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет.
„На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(68) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт“, соопшти полицијата.ЌЕ СЕ ЗАТВОРИ ДЕПОНИЈАТА ВО НИКУШТАК
Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на депонијата за отпад во селото Никуштак, Општина Липково.
Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




