Добивај вести на Viber
ЗАКАНИ ЗА РАДЕ ТРАЈКОВСКИ, СПАСОВСКИ ВЕЛИ ИМА ОСОМНИЧЕНИ
Се појавија нови смртни закани за Раде Трајковски – Штекли, на социјалната мрежа Тик-ток.
Трајковски е на интензивна нега, откако деновиве во него пукаше непознат сторител во трговскиот центар Ист гејт. Нападот претходно бил најавен на социјалните мрежи.
„Раде првпат се спаси. Вторпат… ако останеш за третпат ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“, стои во заканата.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека веќе има осомничени за нападот и дека собираат докази.
КАСАМИ БАРА ВО УЧИЛИШТАТА ДА СЕ ИНТОНИРА И АЛБАНСКАТА ХИМНА
Да се интонира и албанската химна во училиштата ако веќе се интонира државната, вели тетовскиот градоначалник, Билал Касами.
Касами рече дека додека се пее македонската химна во училиштата, мора да се почитува албанското мнозинство и да се пее и албанската химна.
„Македонија е мултиетничко и мултикултурно општество. Сè додека државната химна го повикува само македонскиот народ, сега знаеме дека името на земјата е Северна Македонија, ние треба да се прилагодиме на реалноста. Ние не сме координирани со другите партии, од позиција на градоначалник на Тетово, мојот личен став е: додека сè носи законска одлука ние ќе ја почитуваме. Ако се интонира државната химна која се повикува на македонскиот народ, да се интонира и албанската химна, односно тоа што го чувствуваат Албанците како свое“, изјави градоначалникот.
„ГАРАНТИРАНА ЦЕНА“ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека за еден месец се продолжува мерката за замрзнатите цени на одредени производи, по завршувањето на владината седница.
Мерката „гарантирана цена“ се продолжува до крајот на годината, наместо до 30 ноември, како што беше претходно предвидено.
Со оваа мерка определени производи треба да останат на цените од 1 август и дополнително да бидат намалени за 10 отсто.
ЧЛЕН НА ХАМАС ПРЕКИНА ИНТЕРВЈУ
Припадник на Хамас одби да ги коментира убиствата на израелските цивили, Новинар праша член на терористичката организација Хамас како го оправдува масакрот на цивили, по што тој веднаш го прекина интервјуто.
Дописникот на Би-би-си од Бејрут, Хуго Бачега, вчера го интервјуираше Гази Хамад, долгогодишен член на Хамас и портпарол на милитантната организација која го нападна Израел.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Тоа дека кратовски „Силекс“ за првите девет месеци од годинава има добивка од над 40 илјади евра и не е некоја вест, но навистина е интересен фактот што неговиот профит е зголемен за осум пати во однос на истиот период лани, или за цели 713 проценти!
Структурата на активата на „Комерцијална банка“ и овозможи за девет месеци да оствари нето каматни приходи од 62,2 милиони евра. Овие приходи се генератор на рекордна добивка од 50 милиони евра, досега незабележана во македонската банкарска корпоративна историја.
Тетовскиот комбинат Тетекс ги објави резултатите од своето работење во првите девет месеци од годинава. Одлична добивка од 657 илјади евра во периодот од јануари заклучно со крајот на септември оваа година покажа неревидираниот и неконсолидиран Биланс на успех на таа компанија, објавен преку Македонската берза.
Уште една од големите системски банки во земјава, Стопанска банка Скопје, покажува дека знае како се држат лекции по успешно банкарско работење.
Загрижувачки е трендот на опаѓање на менталното здравје кај девојчињата во тинејџерска возраст во Македонија, покажува студијата „Однесување поврзано со здравјето кај деца на училишна возраст (ХБСЦ)“.
Овошјето и зеленчукот кои ги консумираме се третирани со пестициди. Но, постојат едноставни трикови со кои можеме да ги минимизираме штетните ефекти.
Миликије Халими, поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, е назначена за генерален директор на акционерското друштво во државна сопственост Аеродроми на РСМ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.