21 Мај, 2024
0.0284

ФИТР со Светска банка креираше нов инструмент за економско заздравување за пост-кризната фаза

Објавено во: Економија 16 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Фонд за иновации и технолошки развој достави до Владата нова мерка за Технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД окружување. Наменет е за економско заздравување на домашните компании во пост-кризната фаза, нивно брзо прилагодување кон новонастанатите пазарни услови и брз развој.

Новата мерка е подготвена во консултации со повеќе стопански комори и бизнис асоцијации во земјата, а обезбедена е првична согласност и од Светската Банка, како клучен финансиски партнер на Фондот.

Фокусот на мерката е брза реорганизација и воведување на  дигитални системи и алатки со цел прилагодување кон новите услови на функционирање, подобрување на организационата структура, реорганизација на работните процеси со цел зголемена продуктивност, прифаќање и воведување на насоки за заштита на вработените и клиентите поврзани со КОВИД кризата, како и воведување на нови производи или услуги за кои постои зголемена побарувачка во новонастанатите пазарни услови.

Предвидени се и скратени рокови за аплицирање,  пократко времетраење на проектите - најмногу до шест месеци, како и соодветно прилагодени износи за ко-финансирање.

Иницијалниот вкупен буџет за овој инструмент е 200 милиони денари. Со оваа мерка, во првично одобрениот износ се очекува да се опфатат помеѓу 180 – 200 домашни компании. Финансиската поддршка е прилагодена кон големината на компаниите, па така микро претпријатијата би можеле да добијат најмногу до 750.000,00 денари, малите претпријатија до 1.500.000,00 денари, а за максималниот износ до 3.000.000,00 денари може да аплицираат претпријатијата со средна големина. Компаниите се обврзани да обезбедат најмалку 30% сопствени средства за учество во инвестициите.

Со оваа мерка, Фондот воведува иновативен механизам на финансирање, преку кој се доделуваат средства со поврат од 15% од бруто добивката остварена во првите три години по завршување на проектот. Домашните компании немаат обврска да обезбедат гаранции за добивање на финансиска поддршка. Користењето на средствата од Фондот, како и досега, ќе биде предмет на мониторинг од страна на реномирани странски ревизорски куќи, ангажирани од страна на Фондот.

По завршување на владините процедури, ќе следи јавен повик за доделување на финансиска поддршка.

Ова е дел од пакетот мерки на ФИТР за ублажување на економските последици од корона-кризата, а веќе се во подготовка и нови иницијативи.


Можеби ќе ве интересира

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте