16 Октомври, 2024
0.0279

ЃОРЃИЕВСКИ ПОДГОТВУВАШЕ ПОСНИ ОБРОЦИ: Ослиќ и тавче гравче за одбележување на Светскиот ден за борба против гладот

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Меѓународниот ден за борба против гладот, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и отец Оливер го започнаа во црковно-народната кујна на хуманитарната организација „Свети Спас”, лоцирана во Долно Лисиче. Таму, заедно со вработени од Општина Кисела Вода, и волонтерите од хуманитарната организација подготвуваа оброци за социјално загрозените семејства.  Оброците потоа се делат на финансиски немоќните семејства, а исто така, Општина Кисела Вода заедно со двете градинки од оваа територија ќе поделат и хуманитарни пакети.

-На Светскиот ден за борба против гладот, заедно со Отец Оливер, и тим од општината, се приклучивме на иницијативата за подготовка на оброци за социјално загрозените семејства, дел од програмата на Хуманитарната организација “Свети Спас”. Во време кога многумина се соочуваат со големи предизвици, нашата обврска е да подадеме рака и да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Хуманоста е темелот на едно здраво и солидарно општество. Малите дела на добрина имаат голема моќ да внесат светлина во животите на луѓето. Овие оброци што денес ги подготвуваме се повеќе од храна – тие се симбол на грижа, љубов и поддршка, порака дека никој не треба да биде оставен сам во тешки моменти. Им се заблагодарувам на Хуманитарната организација Свети Спас и на Отец Оливер за нивната посветеност и за сите напори што ги вложуваат во помагање на нашите сограѓани. Заедно покажуваме дека кога сме обединети во доброто, можеме да направиме вистинска разлика, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.




Можеби ќе ве интересира

РАЗБИЕНА ТЕРОРИСТИЧКА ГРУПА ВО АВСТРИЈА: Ја предводел македонски државјанин

РАЗБИЕНА ТЕРОРИСТИЧКА ГРУПА ВО АВСТРИЈА: Ја предводел македонски државјанин

МИЦКОСКИ ЗА АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ: За таков буџет советниците од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат

МИЦКОСКИ ЗА АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ: За таков буџет советниците од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат

(ВИДЕО) Патот Скопје - Блаце со дупки по осум месеци од реконструкцијата

(ВИДЕО) Патот Скопје - Блаце со дупки по осум месеци од реконструкцијата

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ: Николовски дециден, „имаме јасна позиција“

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ: Николовски дециден, „имаме јасна позиција“

„ТАМУ Е МАЛЕНКОТО ШТО ГО БАРАТЕ“ - ФРЛЕНА НА ДЕПОНИЈА ПОД ПЕРНИЦИ: Калишиќ детално сведочеше како ја нашле Вања

„ТАМУ Е МАЛЕНКОТО ШТО ГО БАРАТЕ“ - ФРЛЕНА НА ДЕПОНИЈА ПОД ПЕРНИЦИ: Калишиќ детално сведочеше како ја нашле Вања

Обвинителство: Во бегство еден од учесниците во пукањето во Чаир

Обвинителство: Во бегство еден од учесниците во пукањето во Чаир

Како ДУИ ќе „протурка“ до локалните избори?

Како ДУИ ќе „протурка“ до локалните избори?

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Реконструкцијата на Палата АСНОМ ќе продолжи со анекс на проектот

Реконструкцијата на Палата АСНОМ ќе продолжи со анекс на проектот