16 Октомври, 2024
0.0313

Реконструкцијата на Палата АСНОМ ќе продолжи со анекс на проектот

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Ивица Томовски, директорото на владината Служба за општи и заеднички работи,објави дека во договорот за доградбата на Палата АСНОМ на кејот во центарот на Скопје ќе треба да биде вклучен анекс на проектот.
„Денеска извршив увид во владината Палата АСНОМ на Кејот на Вардар, некогашен објект на „Комерцијална банка“, кој во моментов е во фаза на реконструкција, откако пред четири години беше опожарен и стана нефункционален.

Поради недостатоци во проектот, склучен и наследен од претходната власт, неопходно е да направиме анекс на проектот за реконструкција, па од тие причини обновата на објектот ќе доцни.

И покрај околностите, правиме напори објектот да биде реконструиран во најкус можен рок како во него повторно би се сместиле Секретаријатот за европски прашања, Македонската информативна агенција и уште неколку државни институции со што ќе ги намалиле трошоците кои сега ги имаме за користење простории за посочените субјекти“, објави Томовски.

Во април 2023 за 5,7 милиони евра беше постигнат договор објектот кој е познат во јавноста како старата зграда на Комерцијална банка - Скопја, која сега не се гледа од кејот на Вардар во центарот на Скопје, затоа што е покриена од Археолошкиот музеј, да биде реконструирана од страна на градежната компанија Бауер БГ.

За оваа услуга на Бауер БГ, според тогашниот тоговор, треба да му бидат платени 405.684.000 денари со ДДВ. Според договорот, реконструкцијата треба да заврши за три години. Оваа зграда е во сопственост на Владата, а пред две и пол години таму изби пожар поради што Секретаријатот за европски прашања, Инспекторатот за животна средина и МИА требаше да се отселат во други простории.



Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Патот Скопје - Блаце со дупки по осум месеци од реконструкцијата

(ВИДЕО) Патот Скопје - Блаце со дупки по осум месеци од реконструкцијата

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ: Николовски дециден, „имаме јасна позиција“

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ: Николовски дециден, „имаме јасна позиција“

„ТАМУ Е МАЛЕНКОТО ШТО ГО БАРАТЕ“ - ФРЛЕНА НА ДЕПОНИЈА ПОД ПЕРНИЦИ: Калишиќ детално сведочеше како ја нашле Вања

„ТАМУ Е МАЛЕНКОТО ШТО ГО БАРАТЕ“ - ФРЛЕНА НА ДЕПОНИЈА ПОД ПЕРНИЦИ: Калишиќ детално сведочеше како ја нашле Вања

ЃОРЃИЕВСКИ ПОДГОТВУВАШЕ ПОСНИ ОБРОЦИ: Ослиќ и тавче гравче за одбележување на Светскиот ден за борба против гладот

ЃОРЃИЕВСКИ ПОДГОТВУВАШЕ ПОСНИ ОБРОЦИ: Ослиќ и тавче гравче за одбележување на Светскиот ден за борба против гладот

Обвинителство: Во бегство еден од учесниците во пукањето во Чаир

Обвинителство: Во бегство еден од учесниците во пукањето во Чаир

Како ДУИ ќе „протурка“ до локалните избори?

Како ДУИ ќе „протурка“ до локалните избори?

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ТАТКОТО БИЛ КОНФУЗЕН ВО ИЗЈАВИТЕ, ТВРДЕЛ ДЕКА ВАЊА Е КИДНАПИРАНА И УБИЕНА: Еве што вели сведокот од полицијата

ТАТКОТО БИЛ КОНФУЗЕН ВО ИЗЈАВИТЕ, ТВРДЕЛ ДЕКА ВАЊА Е КИДНАПИРАНА И УБИЕНА: Еве што вели сведокот од полицијата

Венко Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да не молчи, категорично сум против паралелна Академија на науки и уметности

Венко Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да не молчи, категорично сум против паралелна Академија на науки и уметности