16 Октомври, 2024
0.0275

Обвинителство: Во бегство еден од учесниците во пукањето во Чаир

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство објави дека едно лице е во бегство, иако МВР вчера информираше дека е расчистен случајот со сите четворица учесници во инцидентот во чаир во понеделникот кога едно лице беше застрелано во нога.

МВР информираше дека приведени се четири лица, од кои двајца биле затвореници во Идризово, додека ОЈО Скопје денес соопшти дека едно од нив е во бегство.

„Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.

Од нив, за двајца надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.

За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“, информира ОЈО.

Околу пукањето во Чаир кое се случи задвчера доцна попладнето, вчера се огласи СВР Скопје со детали, нагласувајќи дека го расчистиле овој настан.

„СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан случен вчера (14.10.2024) околу 18 часот во Скопје на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“, во близина на општина Чаир, каде што од огнено оружје во левата нога е повреден Е.А. (35) од Скопје. Веднаш по добиената пријава преземени се опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со „Безбеден град“ Скопје, како и OJO Скопје, при што се утврдени сите учесници во кривично правниот настан и тоа: Л.А. (32) и И.Т. (30), кои се лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, како и А.Р. (29) и М.И. (32), осудени лица на издржување на казна затвор во КПУ Идризово, а кои во текот на 14.10.2024 година, во времето на извршувањето на кривичното дело, користеле излез од затворот Идризово, по основ на работен ангажман. Од лице место подигнати се траги од биолошко потекло, применети се апликатори за барутен тест од утврдените учесници во кривично правниот настан, обезбедени се видео записи од „Безбеден град", а исто така утврдено е и возилото со кое едниот сторител доаѓа на лице место, по што истото е подигнато за криминалистичко техничка обработка. По целосно документирање на настанот, во координација со OJO Скопје, од страна на ЕНК при СВР Скопје ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се вели во соопштението од СВР Скопје. 



Можеби ќе ве интересира

РАЗБИЕНА ТЕРОРИСТИЧКА ГРУПА ВО АВСТРИЈА: Ја предводел македонски државјанин

РАЗБИЕНА ТЕРОРИСТИЧКА ГРУПА ВО АВСТРИЈА: Ја предводел македонски државјанин

МИЦКОСКИ ЗА АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ: За таков буџет советниците од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат

МИЦКОСКИ ЗА АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ: За таков буџет советниците од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат

(ВИДЕО) Патот Скопје - Блаце со дупки по осум месеци од реконструкцијата

(ВИДЕО) Патот Скопје - Блаце со дупки по осум месеци од реконструкцијата

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ: Николовски дециден, „имаме јасна позиција“

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ: Николовски дециден, „имаме јасна позиција“

„ТАМУ Е МАЛЕНКОТО ШТО ГО БАРАТЕ“ - ФРЛЕНА НА ДЕПОНИЈА ПОД ПЕРНИЦИ: Калишиќ детално сведочеше како ја нашле Вања

„ТАМУ Е МАЛЕНКОТО ШТО ГО БАРАТЕ“ - ФРЛЕНА НА ДЕПОНИЈА ПОД ПЕРНИЦИ: Калишиќ детално сведочеше како ја нашле Вања

ЃОРЃИЕВСКИ ПОДГОТВУВАШЕ ПОСНИ ОБРОЦИ: Ослиќ и тавче гравче за одбележување на Светскиот ден за борба против гладот

ЃОРЃИЕВСКИ ПОДГОТВУВАШЕ ПОСНИ ОБРОЦИ: Ослиќ и тавче гравче за одбележување на Светскиот ден за борба против гладот

Како ДУИ ќе „протурка“ до локалните избори?

Како ДУИ ќе „протурка“ до локалните избори?

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Реконструкцијата на Палата АСНОМ ќе продолжи со анекс на проектот

Реконструкцијата на Палата АСНОМ ќе продолжи со анекс на проектот