16 Октомври, 2024
0.0300

Како ДУИ ќе „протурка“ до локалните избори?

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

ДУИ како никогаш досега е во незавидна положба, втурната во опозиција, под закана за растурање на изборната коалиција „Европски фронт“ и без доволно политички капитал кај меѓународниот фактор. До следните избори, кои ќе бидат локални има помалку од една година, и во овој период ќе се кристализира каква партија ќе биде ДУИ - конструктивна или деструктивна.

Со оглед на тешкиот изборен пораз на СДСМ и тврдокорните ставови на Левица, ДУИ и нивната коалиција се наметнуваат како главен опозициски блок, којa има и најголем потенцијал да се спротивстави на тројката ВМРО-ВРЕДИ-ЗНАМ, но истовремено ја нема истата употребна вредност како во минатото кога често интегративците нагалено беа нарекувано „осигурач“.

Односно, со еден потег од Мала Речица можеше да се менуваат влади, а тоа добро го видовме во 2016 година кога Ахмети не се согласи да ја продолжи владината коалиција со Никола Груевски и на власт го донесе Зоран Заев.

Интегративците имаат три клучни наративи низ кои ќе се обидат да создадат политички капитал кој ќе биде атрактивен за нивното традиционално гласачко тело, но и на останатите етнички заедници кои успеаја да ги придобијат на последните парламентарни избори.

Затоа првичната точка е заштита на „духот на Охридскиот рамковен договор“, но не само за правата и застапеноста на Албанците, туку и на останатите етнички заедници. Од тоа најмногу ќе зависи дали Европскиот фронт ќе продолжи да функционира во овие рамки или како воообичаено етничките партии на Турците, Бошњаците, Ромите и Торбешите ќе се приклучат кон победникот, а со тоа и да продолжат да уживаат во привилегиите кои ги носи власта.

Следната „употребна вредност“ на ДУИ која е помалку емотивна од првата, а повеќе рационална и значајна за меѓународните партнери е секако притисокот да се спроведат уставните измени, за Македонија да биде одблокирана во европските интеграции.

ДУИ тука најмногу ќе ги напаѓа ВРЕДИ, кои ако не прикажат јасна временска рамка и конкретни чекори за уставните промени, односно ако ја одржат комотната позиција на ВМРО-ДПМНЕ дека „нема да виткаат кичма“, ќе станат кочничари, не само на „правата на Албанците и останатите етнички заедници“ туку и на европската иднина на земјата.

Третиот столб на политиките на ДУИ ќе бидат меѓуетничките односи, за што веќе се шпекулира дека може да се влошат, преку однапред подготвени сценарија за наводна дестабилизација на општеството. Тоа е позната политичка тактика, но секако екстремно деструктивна, односно „без тој што го потпалува огнот не може да има гаснење“.

ВМРО како водечка партија во владината коалиција посакува најмал фокус на „етничките“ прашања, туку фокус на домашните реформи, рестарт на девастираниот државен систем и градење нов вид на партнерство со албанската заедница, и затоа се обидува да остави што е можно помал простор за ДУИ да маневрира.

Секако, на крај ќе одлучат самите гласачи кои ќе имаат можност да ги видат на дело претставниците на ВРЕДИ, како велат - дај му на човек власт и види како ќе се однесува, и да проценат дали е доволно да се води политика базирана само на националните чувства.

Контра-мерките на ВМРО и ВЛЕН ќе биде да докажат дека може да се посветат на рамномерен економски раст, еднакво инвестирање „и во Тетотво и во Пехчево“ и дека постои перспектива за младите во земјата, до која не се доаѓа единствено преку „аеродромот во Петровец“. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Патот Скопје - Блаце со дупки по осум месеци од реконструкцијата

(ВИДЕО) Патот Скопје - Блаце со дупки по осум месеци од реконструкцијата

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ: Николовски дециден, „имаме јасна позиција“

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ: Николовски дециден, „имаме јасна позиција“

„ТАМУ Е МАЛЕНКОТО ШТО ГО БАРАТЕ“ - ФРЛЕНА НА ДЕПОНИЈА ПОД ПЕРНИЦИ: Калишиќ детално сведочеше како ја нашле Вања

„ТАМУ Е МАЛЕНКОТО ШТО ГО БАРАТЕ“ - ФРЛЕНА НА ДЕПОНИЈА ПОД ПЕРНИЦИ: Калишиќ детално сведочеше како ја нашле Вања

ЃОРЃИЕВСКИ ПОДГОТВУВАШЕ ПОСНИ ОБРОЦИ: Ослиќ и тавче гравче за одбележување на Светскиот ден за борба против гладот

ЃОРЃИЕВСКИ ПОДГОТВУВАШЕ ПОСНИ ОБРОЦИ: Ослиќ и тавче гравче за одбележување на Светскиот ден за борба против гладот

Обвинителство: Во бегство еден од учесниците во пукањето во Чаир

Обвинителство: Во бегство еден од учесниците во пукањето во Чаир

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Реконструкцијата на Палата АСНОМ ќе продолжи со анекс на проектот

Реконструкцијата на Палата АСНОМ ќе продолжи со анекс на проектот

ТАТКОТО БИЛ КОНФУЗЕН ВО ИЗЈАВИТЕ, ТВРДЕЛ ДЕКА ВАЊА Е КИДНАПИРАНА И УБИЕНА: Еве што вели сведокот од полицијата

ТАТКОТО БИЛ КОНФУЗЕН ВО ИЗЈАВИТЕ, ТВРДЕЛ ДЕКА ВАЊА Е КИДНАПИРАНА И УБИЕНА: Еве што вели сведокот од полицијата

Венко Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да не молчи, категорично сум против паралелна Академија на науки и уметности

Венко Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да не молчи, категорично сум против паралелна Академија на науки и уметности