05 Октомври, 2024
0.0314

ИМА ПОВЕЌЕ ШТЕТНИ ЕФЕКТИ: Дали сте зависник од социјални мрежи?

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Сè повеќе млади луѓе поминуваат многу време на социјалните мрежи.  Ова може негативно да се одрази на концентрацијата, квалитетот на сонот, може да доведе до запоставувањето на приоритетните обврски, до зголемена анксиозност и депресија. Поради опседнатост со социјалните мрежи, луѓето можат да ги запостават работата, своето хоби или учењето.

„Долготрајното користење на телефоните е сè почеста практика на денешниот современ човек. Некако како цел еден свет да е собран во тој апарат кој го носиме во нашите џебови. Сите информации кои се достапни, а и забавата која ја нуди некако создава зависност која е многу различна од реалната потреба од истиот. Долгото поминување време на телефон кај возрасните создава чувство на презаситеност од информации и дразби и создава чувство на замор. Многу често возрасните, времето кое треба да им биде наменето за одмор го поминуваат на своите телефони. Гледањето во екранот, никако не одмара, туку напротив заморува. Истражувањата покажуваат дека телефоните всушност најмногу се користат за социјални мрежи чие прекумерно користење создава едно чувство на дереализација од реалниот свет, трка по високи цели кои на социјалните мрежи се презентираат како значајни вредности, па така како важно и пожелно се презентира некој совршениот изглед и фит тело,  чести патувања, скапи дестинации и луксузен живот, високи примања кои создаваат фрустрација. И секако ќе ја спомнам зависноста која тие ја создаваат, односно лачењето на хормоните на среќа при добивање на сите тие информации и стимулативни дразби“, вели психологот Наташа Бекирова.

Според неа, најважниот момент кој е можеби и најштетниот од психолошки аспект, е чувството на лажната поврзаност со светот и околината која привидно ја дава користењето на смартфоните.

„Луѓето живеат со едно чувство на поврзаност со светот, информираност како тој функционира, меѓутоа недостига човечкиот фактор, близина, човечката топлина и контактот со природата која е едноставно незаменлива. Токму таа изолираност и оддалеченост од природата како средина која е најудобна за човекот, е причина за  почеста појава на анксиозност и депресивни чувства, како пандемијата. Затоа најтопла препорака е максимална контрола во однос на користење на смартфоните, вклучително и на социјалните мрежи кои прават огромна бариера помеѓу човекот, луѓето околу нас и средината. Како алтернатива за замена на времето поминато на телефон би биле, прошетки во природа, помеѓу зеленило и свеж воздух, групни спортови, учење нови вештини и најразлични хобија кои исполнуваат и нè зближуваат со останататите луѓе на еден здрав, хуман начин“, додава психологот.

Граѓаните велат дека секојдневно одвојуваат време за социјалните мрежи.

„Можам и без нив, можам и без телефон, но поради работа морам да бидам достапна. Колку време ќе поминам на социјалните мрежи зависи од тоа колку сум слободна. Тоа е еден до два часа ако немам работа. Човек може да шета, може да излезе во планина, може да волонтира, да ужива едноставно“, вели Никол Ѓорѓевска, граѓанка.

Луѓето тврдат дека во нивното опкружување има многу млади кои се опседнат со социјалните мрежи.

„Слободното време се троши на социјалните мрежи. Непродуктивно е, буквално се занимаваме со туѓите животи, кој каде бил, што правел. Можеме книга да читаме, да се едуцираме на било кое поле, да правиме нешто корисно за себе, да спортуваме, да правиме здрави оброци. Имаме многу опции, само ретко кој го прави тоа“, кажа Бисера Симоновска Ралева, граѓанка.

Постарите велат дека имаат профили на социјалните мрежи, но поретко ги користат.

„Точно е дека младите се опседнати. Младите по цел ден се на телефон, на социјалните мрежи и тоа е негативно. Се одразува на видот,  на психата, не се движат, не се активни. Јас имам Фејсбук, но на два дена се вклучувам“, додава Златка Петковска, граѓанка.

Социјалните мрежи имаат и позитивни страни, но тие не треба да бидат замена за личната комуникација меѓу луѓето. Анкетата на Државниот завод за статистика(ДЗС) за користење на времето направена пред десетина година, покажува дека на слободни активности отпаѓаат 22 отсто, а во нив спаѓаат дружење, посетување и примање гости, телефонски разговори, забава и култура, одмор, спортување, шетање, пешачење, уметност, користење на компјутери, читање книги или други списанија, гледање телевизија, слушање музика и друго.  Во клиника во Лондон психијатарот Ричард Грахам секоја година третира по околу 100 зависници - од деца до 35-годишници.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/natanaelginting

Можеби ќе ве интересира

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче