ИМА ПОВРЕДЕНИ ЦИВИЛИ: Aзарбејџан го нападнаа главниот град на регионот Нагорно Карабах
Објавено во: Свет 02 Октомври, 2020
Aзарбејџан го нападнаа главниот град на регионот Нагорно Карабах, објави ерменското Министерство за одбрана.
Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Артсрун Хованисјан, не прецизираше каков вид напад започнале азербејџанските сили или какво оружје е употребено.
Тој додаде дека има повредени цивили и уништена инфраструктурата во градот.
Степанакерт е главен град на де факто независната држава Нагорно Карабах, во рамките на меѓународно признатиот Азербејџан.
Има 40.000 жители и е скоро целиот населен со Ерменци.
Ерменските и азербејџанските сили не покажаа подготвеност да престанат со борбите откако избувнаа новите судири на 27 септември.
Повеќе од 100 луѓе, вклучувајќи и цивили, се убиени во тешките судири, со употреба на вооружени беспилотни летала, тенкови, хеликоптери и повеќе ракетни системи, долж поголемиот дел од линијата што ги одделува ерменските сили што го контролираат Нагорно-Карабах од азербејџанските трупи.
Ерменија денес изјави дека е подготвена да учествува во мировните разговори бидејќи меѓународните лидери продолжуваат да повикуваат на итен прекин на борбите со азербејџанските сили.