05 Октомври, 2024
0.0354

Јанушев: Од денес сум слободен граѓанин

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Пратеникот Игор Јанушев денеска објави дека Апелациониот суд правосилно ја поништил одлуката на Апелационен суд од 7 септември на две години затвор условно за пропусти при набавката на кинеските автобуси во случајот на поранешното СЈО познат како „Дизајн“. 

Како што објави поранешниот директор на ЈСП, од денеска е слободен граѓанин по завршување на предметот кој траеше седум години.

Јанушев беше директор на ЈСП во 2010 година кога беше направена набавката на двокатните автобуси.

Во случајот имаше и други обвинети, кои претходно се спогодија со обвинителството и исто така добија условни казни.

„После долги 7 години мое лично соочување со политички прогон и малтретирање од страна на т.н. независно или "како пупка отворено" обвинителство и судство, пред мене имам чисто досие. Во овој момент, после сите нивни сценарија кои пропаднаа, јас гордо можам да кажам дека повторно сум слободен граѓанин на Република Македонија!

Сите овие години одлучив да молчам додека тие зборуваа невистини, а да зборувам кога тие ќе молчат пред вистината и правдата! За овој монтиран случај против мене, во интерес на јавноста ќе го споделам следното“, соопшти пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев приложи и потврда дека како член на комисијата за јавни набавки, како што вели тој, со неговото бодување им овозможил на две компании меѓусебно да си конкурираат со цените, односно не фаворизирал, според него, ниту една од нив.


Можеби ќе ве интересира

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче