16 Мај, 2025
0.1244

КОЈ ВЛЕЗЕ СО 0,14 ОТСТО АКЦИОНЕРСКИ КАПИТАЛ ВО „РЕПЛЕК“ - се засилува ли некој од постојните сопственици

Објавено во: Економија 18 Септември, 2024 10:55

Добивај вести на Viber

Фармацевтската компанија „Реплек“ продолжува да биде интересна за инвеститорската јавност. За разлика од последниов период кога акции се купуваа на помали количини, деновиве повторно се случи значајна блок трансакција со акциите на тоа акционерско друштво. 

Или конкретно, биле продадени 358 акции на оваа фармацевтска компанија, по цена од 14.000 денари за акција. Тоа се 0,14 отсто од вкупниот акционерски капитал на „Реплек“, а за да се здобие со овој акционерски пакет некој платил вкупна сума од безмалку 82 илјади евра. 

Треба да се спомене дека цената на блокот е пониска од онаа по која деновиве се тргува со тие акции, а достигнаа над 14.900 денари за акција.

Компанијата е многу транспарентна и секогаш известува за сите промени во нејзината акционерска структура, особено на оние кои се однесуваат на нејзините главни акционери и менаџери. 

Се очекува дека така ќе биде и за оваа блок трансакција, или, пак, промената ќе се види наредниот понеделник на Централниот депозитар, доколку имала влијание врз сопственици над 5 отсто. 

Во моментов сопственичкатга структура е следна. Душан Пецовски, извршен директор и претседател на Управен одбор поседува 12,19 отсто од вкупниот број на акции, а неговиот брат Владимир Пецовски има 6,33 отсто од вкупниот број на акции. Фактор веќе пишуваше дека полека но сигурно браќата Пецовски ги засилуваат своите акционерски позиции во фармацевтската компанија „Реплек“. Тие купуваат по помал број на акции на Берзата од ова акционерско друштво, но веќе нивниот заеднички капитал се доближува до 19 проценти.

Додека, пак, бизнисменот Зоран Азманов постепено го продава својот акционерски капитал во оваа компанија, бидејќи, како што тој неодамна изјави за Фактор, сака своите средства да ги повлече од акции и да ги инвестира во градежниот бизнис, што всушност е негов фах уште од стартот на неговата деловна кариера.

Неодамна неговата компанија Настел ДООЕЛ продаде нови акции, и сега поседува 8,39 отсто од капиталот. 

Браќата Пецовски откако го презедоа кормилото во Реплек од семејството Туџарови, ја „стегнаа“ компанијата и сега таа покажува солидни деловни резултати и зголемување на производството и профитабилноста, а се освојуваат и нови пазари.

А, Реплек неодамна изврши поделба на акциите, односно една акција ја подели на 10 со иста вредност, со цел да привлечат повеќе инвеститори.

Оттаму објаснија дека нивните очекувања се дека на овој начин акцијата на „Реплек“ ќе стане подостапна за различен тип на акционери, што, пак, ќе доведе до разигрување на пазарот на капитал.

Други акционери се фирмата Ситко Антонио со 6,37 отсто, лабораторијата Биотек има 6,3 отсто, а пензискиот фонд Сава поседува 6,4 проценти од обичните акции на таа компанија.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?

Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?

„СО МАКЕДОНСКА ПЛАТА, МОЖЕЛО ДА СЕ КУПИ ПРОСЕЧНО 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ГАС ОТКОЛКУ СО УНГАРСКАТА“: Професорот Трајковски потсетува на неуспехот како држава

„СО МАКЕДОНСКА ПЛАТА, МОЖЕЛО ДА СЕ КУПИ ПРОСЕЧНО 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ГАС ОТКОЛКУ СО УНГАРСКАТА“: Професорот Трајковски потсетува на неуспехот како држава

ПРАВИЛОТО „78 ОТСТО“ И ВО ЕСМ? Платата на директорите и до 2.500 евра

ПРАВИЛОТО „78 ОТСТО“ И ВО ЕСМ? Платата на директорите и до 2.500 евра

ГОТОВО Е, ОТПУШТААТ 7.000 РАБОТНИЦИ: Еве кој гигант одлучи да испрати работници дома

ГОТОВО Е, ОТПУШТААТ 7.000 РАБОТНИЦИ: Еве кој гигант одлучи да испрати работници дома

Нема повеќе обложување на странските веб платформи во Македонија

Нема повеќе обложување на странските веб платформи во Македонија

Бизнисменот Назиф Дестани излегол од „Еуромакс Рисорсес“

Бизнисменот Назиф Дестани излегол од „Еуромакс Рисорсес“

ВОРЕН БАФЕТ КОНЕЧНО ОТКРИ ЗОШТО„БЕРКШИР ХАТАВЕЈ“ МУ ЈА ПРЕДАВА НА АБЕЛ: „Кога наполнив 90 години, почнав да стареам“

ВОРЕН БАФЕТ КОНЕЧНО ОТКРИ ЗОШТО„БЕРКШИР ХАТАВЕЈ“ МУ ЈА ПРЕДАВА НА АБЕЛ: „Кога наполнив 90 години, почнав да стареам“

Фактор анализа КУМАНОВО 2024: Кои се најголемите фирми во Куманово? Три фирми, едно семејство за профит од 10,2 милиони евра!

Фактор анализа КУМАНОВО 2024: Кои се најголемите фирми во Куманово? Три фирми, едно семејство за профит од 10,2 милиони евра!

„Гранит“ ангажирал 30 Индијци за работа на автопатот Кичево - Охрид

„Гранит“ ангажирал 30 Индијци за работа на автопатот Кичево - Охрид