Ковачевски: Меморијалниот центра на ДУИ е на приватен имот
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2023
Премиерот Димитар Ковачевски, денеска коментирајќи го меморијалниот центар што го изгради ДУИ во кумановски Сопот, рече дека градбата е на приватен имот.
- Тој е изграден на приватен имот, каде што е направен тој настан и тоа сигурно дека подлежи на одредени законски решенија. Но, со она што ние го имаме како општество, не ги прави релевантни таквите мапи. По влегувањето во НАТО, ние имаме други мапи кои што се релевантни. Со отпочнувањето на преговорите со ЕУ ние и другите земји од регионот ќе ја имаме мапата на обединета Европа, рече Ковачевски.
ДУИ и лидерот Али Ахмети пред три дена пред меморијалниот комплекс во Сопот го одбележуваше масакрот во 1944 година над 64 Албанци од ова село, а на едно од спомен-обележе имаше исцртано карта од „Голема Албанија“.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски претходно порача дека никој не побарал дозвола за изградба на музејот во селото Сопот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.