Ковачевски вели дека Мицкоски прифатил уставни измени, тој вели дека тоа е лага
Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2023
Мицкоски кажа дека прифаќа уставни измени и тоа е за поздравување, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Вели дека продолжуваат со дијалогот со цел обединување на сите во широк општествен процес за остварување на стратешката цел – членство во ЕУ до 2030 година.
„Овие состаноци доаѓаат по лидерската средба, имаме променет став на опозицијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека за нив се прифатливи уставни измени кои претходно не беа прифатливи. Тоа е нов став од претходниот дека нема начин под кој би подржале уставни измени и тоа е за поздравување“, рече Ковачевски.
„СДСМ држи состаноци за да најде начин како да му каже на членството дека ја губат власта“, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од партиската трибина во Охрид.
Според Мицкоски, СДСМ панично шират лага дека тој прифатил уставни измени за да се сокријат двете важни работи од лидерската – дека Ковачевски многу брзо нема да биде премиер, а ДУИ по 20 години ќе оди во опозиција.