Лани легализирани 15.852 дивоградби во Катастарот
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2021
Агенцијата за катастар на недвижности лани прифатила 15 852 барања за легализација на недвижен имот, со што досега со актуелниот Закон за легализација со кој можеа да се легализираат дивоградби изградени до март 2011 година, вкупно се впишани 264.488 легализирани објекти.
Во рамки на роковиоте кои до сега се продолжуваа на два пати поднесени се вкупно 430 илјади барања за легализација, информираат од „Катастар“ за МИА, со тоа што исклучок од можноста за легализација се дивоизградените згради, надградбите на зградите, проширените тераси, како и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиот регион. Инаку за легализација треба да се платат комуналиите плус казна од 50 проценти од износот за комуналии.
Минатата година вкупно биле примени 944.377 предмети, од кои решени 944.318, а пренесени од претходната година 1.608 предмети.