МАКРОН ЗА ИСПРАЌАЊЕТО ЗАПАДНИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА: Секој збор што ќе го кажам на оваа тема е одмерен, обмислен и избалансиран
Објавено во: Свет 29 Февруари, 2024
Секој мој збор е обмислен, вели францускиот претседател Емануел Макрон за предлогот западни трупи да бидат испратени во Украина.
Макрон денеска изјави дека неговиот став е размислуван и обмислен.
„Секој збор што ќе го кажам на оваа тема е одмерен, обмислен и избалансиран“, кажа Макрон.
Тој по меѓународниот состанок за поддршка на Украина во Париз што се одржа на 26 февруари, наведе дека во иднина не ја исклучува можноста за учество на европски трупи во војната во Украина. Тој кажа дека западните земји во моментов немаат консензус по тоа прашање.
Германија, САД и други земји се против, но естонската премиерка Каја Калас вели дека сите предлози се на маса.