05 Октомври, 2024
0.0276

МАЛОЛЕТНИЦИ ОД КАВАДАРЦИ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ФОТОГРАФИИ ОД ФЕЈСБУК: Moнтирале експлицитни содржини и ги споделувале

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Малолетници од Кавадарци злоупотребиле фотографии од Фејсбук. 

Обвинителството доби вештачење за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци. Наодот од нареденото вештачење, кое се однесува на дигитална обработка на фотографиите, е доставен до обвинителството и се разгледува, по што ќе биде донесена одлука, изјавиле од ОЈО за МИА.

На 25 октомври лани ОЈО Кавадарци оформи предмет за настанот со злоупотребени фотографии. Тогаш ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци достави известување против непознати лица.

Државниот просветен инспекторат соопшти дека овој настан со злоупотребени фотографии се случил надвор од училиштето, и на него работат Министерството за внатрешни работи и ОЈО Кавадарци, по пријава од родители.

Основното училиште на 13 октомври пријавило во кавадаречката полиција дека шест малолетници злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјалните мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина.

Со пријавените ученици бил извршен службен разговор, а било разговарано и со родителите на девојчињата чии фотографии биле злоупотребени.

Родител на едно од девојчињата за МИА рече дека деветтоодделенците правеле монтажи, така што главите од фотографии на девојчињата, преземени од „Фејсбук“ ги монтирале со апликација на експлицитни фотографии од голи тела и ги споделувале по групни четови.

foto freepik.com/jannoon028

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДНОГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ: Одбивале да го хоспитализираат

ПОЧИНА ЕДНОГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ: Одбивале да го хоспитализираат

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче